Месечен хороскоп за јануари 2020 година: Детален патоказ за сите знаци во зодијакот!

Астро-прогноза

Влезете растоварени во Новата година

Овен

Работа: На професионален план ќе ви оди одлично. Добриот крај на претходната година ќе продолжи и вашата работа ќе процути. Во такви услови, лесно е да се задржи доброто расположение. Добро познато е дека февруари е најлошиот месец за повеќето бизниси, па имајќи го тоа предвид, немојте многу да се залетувате во текот на јануари и подгответе се за февруари да ви помине што е можно полесно и подобро. Би било добро да размислите за тоа да го проширите вашиот бизнис и да стекнете повеќе соработници.

Љубов: Што се однесува до љубовта, би требало да биде стабилна за повеќето Овни. Новогодишната ноќ нема да донесе премногу драстични промени за повеќето од вас. Обидете се да ги искористите празниците на најдобриот можен начин и да ги поминете со луѓето што ги сакате и што ве сакаат. Празниците брзо ќе поминат и ќе се вратите во хаосот, така што застанете малку и посветете им се на саканите личности и на вашиот партнер. Овие луѓе секогаш се тука за вас кога ви се најпотребни, па никогаш не заборавајте на тоа.

Здравје: Обидете се малку повеќе да шетате и да поминувате повеќе време надвор, дури и кога е ладно. Вашиот организам ќе ви биде многу благодарен за тоа и ќе ви се подобри целокупното здравје и ќе го зајакнете вашиот имунолошки систем. Задолжително додајте некој чај во вашата секојдневна рутина за подобро здравје и долг и среќен живот.

Бик

Работа: Зошто се грижите и се вознемирувате околу работата толку многу кога се’ е во најдобар ред? Обидете се помалку да се грижите, а повеќе време да минувате размислувајќи како да ја унапредите вашата работа и да ги зголемите вашата заработка и продуктивност. Тоа многу повеќе ќе ви биде во корист и ќе се чувствувате подобро, помотивирано и посреќно. Што помалку се грижите за вашата работа, толку поголеми ќе ви бидат шансите да бидете среќни и задоволни со тоа што го имате.

Љубов: На љубовен план можни се мали турбуленции, па така слободните Бикови првите денови од јануари можеби ќе запознаат интересна личност со која ќе започнат сериозна авантура или врска. Зафатените Бикови не би требало да имаат многу потешкотии да ги сочуваат работите такви какви што се. Единствно важно е да не заборавите да му покажете љубов на партнерот, бидејќи секому од нас му треба малку внимание, нежност и љубов.

Здравје: Искористете ги овие празнични зимски денови да дишете свеж воздух, добро да се одморите, да се наполните со енергија и да ги наредите работите на свое место. Здравјето на телото доаѓа од здравјето на умот и здравата храна што ја внесуваме. Затоа почетокот на новата година и првиот месец во 2020 година е идеален момент да почнете со поздрави навики.

Близнаци

Работа: На работен план, се’ полека ќе се врати во нормала по бурниот декември и новогодишната ноќ. До крајот на јануари настапува период со малку послаби активности, побавно темпо и поголем одмор. Затоа овој период искористете го да не размислувате премногу за работа. Обидете се да го одморите мозокот што е можно повеќе и доколку можете отпатувајте некаде и оставете ја работата на страна.

Љубов: Овој месец, јануари би можел да ви донесе зголемена енергија и љубов. Не ги одбивајте новите енергии што ви доаѓаат, туку прифатете ги максимално и сакајте ги сите луѓе околу себе, а најмногу вашиот партнер и семејството. Иако можеби никој од нив не е совршен, сите се добри токму такви какви што се и со причина се тука покрај вас. Затоа прифатете ги сите со разбирање и покажете им љубов. Ќе се изненадите од тоа колку љубов можат тие да ви возвратат. Сепак, некој мора да почне прв.

Здравје: Како што ве преплавуваат нови позитивни енергии и високи вибрации, така повеќето од вас ќе се чувствуваат подобро што се однесува до здравјето. Одеднаш ќе станете свесни дека не мора да јадете многу за да останете здрави. Напротив, можете да јадете малку храна и да имате совршено здравје. Кажете му „не“ на празничното прејадување и обидете се да се храните здраво и да го збогатувате умот само со здрави и чисти мисли.

Рак

Работа: Иако се’ уште ви трае фазата на нижење успеси на работен план, не дозволувајте мали падови да ви ја разнишаат самодовербата и позитивноста. Сите работи на крајот ќе се наредат токму онака како што треба. Ви претстои сосема коректен месец, така што немате премногу причини за грижа кога станува збор за работата. Се’ си тече најнормално, така што искористете го јануари за повеќе одмор и опуштање.

Љубов: На средина на јануари постои голема шанса за сите слободни Ракови да ја запознаат љубовта на својот живот. Кога ќе се смири празничната еуфорија, тогаш е вистинското време за нова љубов. Повеќето Ракови кои се во сериозна врска или брак конечно во текот на овој месец ќе пронајдат вистинска љубовна исполнетост, мир и стабилност. Покрај тоа, обидете се да поминувате доволно време и со останатите членови од своите семејство и погрижете се празниците и ним да им поминат во мир и љубов.

Здравје: Чувајте се особено кон крајот на јануари, бидејќи можни се безопасни настинки. Не дозволувајте да го труете вашиот организам со брза храна за време на празниците, туку јадете умерено и хранете се поздраво. Идеално е почетокот на новата година да биде почеток на многу здрави навики. Покрај здравата исхрана, добро би било да внимавате и што внесувате во својот ум. Исклучете го телевизоро и сличните уреди што само ви ја полнат главата со црни вести, тага и нервоза. Одберете убави и поучни книги кои ќе ви го подигнат нивото на свеста и ќе ве издигнат над сивилото во кое светот моментално се наоѓа.

Продолжете на следната страница за да дознаете што ги очекува и останатите хороскопски знаци…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.