Сите проблеми во бракот настануваат поради една работа: Ако се ослободите од ова, ќе живеете заедно долго и среќно!

Без горчина!

Која е причината за сè почестите разводи? Сексот, парите и комуникацијата? Не! Причината е очигледна

Прочитајте ја оваа интересна, искрена и лична приказна…

„Кога јас и сопругата се венчавме, еднаш посетивме семинар за психолошка поддршка на жртвите на современа трговија со сексуални робови.

Домаќинот на семинарот ги праша присутните која е најголемата причина за развод. Бидејќи јас и сопругата присуствуваме на некои предбрачни консултации, помислив дека сум експерт, па набрзина ја испружив раката и викнав: ‘Секс, пари и комуникација!’

Ја погледнав сопругата, а таа ми кимна со главата со насмевка.

‘Погрешно!’, викна домаќинот. ‘Тоа се само симптоми на вистинскиот проблем. Браковите завршуваат со развод од една единствена причина: големи очекувања!’

Бев шокиран!

Ова сознание едноставно не ми влегуваше во глава. Не се сеќавам за што се зборуваше понатаму. Премногу се замислив за претераните очекувања, со кои веќе еднаш се имав сретнато во брачниот живот, кој траеше едвај еден месец.

Сфатив дека овој смртоносен отров го погодува срцето на секоја врска.

Но големите очекувања не се само проблем во бракот, туку и во целиот наш живот. Не е важно дали сте соло, во брак, невработени или со полно работно време, стари или млади… Високите очекувања го уништуваат секој човек. Од тие очекувања никој не е доволно сигурен.

Кое е решението?

Јас сум математичар по природа. Обожавам равенки. Така, направив равенка:

Очекување – Реалност = Разочарување

Што точно значи тоа:

Очекување:

Кога ќе се вратиме дома од работа, очекуваме сопругата да ни приготви вечера. Таа ќе носи престилка без флеки и ќе седи спроти мене. Нашата ќерка ќе седи во столчето за хранење и ќе го јаде своето јадење.

Реалност:

Си доаѓам дома половина час подоцна. Ништо од вечерата. Ќерката скока по дома разнесувајќи смоки на сите страни. Жена ми седи на компјутер, обидувајќи се да одговори на некои мејлови од дома. На моето прашање: ‘Што има за вечера?’, фрла гневни погледи во мој правец. Одам во кујната, наоѓам леб и сирење и го поставувам тоа на маса.

Разочарување…

Антонио Бандерас најдобро го кажал тоа: ‘Очекувањето е мајка на разочарувањето.’

Заклучок: Во животот често имаме големи очекувања, што на крајот води кон разочарување.

Но тоа не мора да биде така.

Решение: Животот нека си тече по својот тек.

Не велам дека мора целосно да се ослободиме од очекувањата, но не би било лошо кога би ги свеле на минимум.

Добро е да се има здрава, реалистична цел. Да тежнееме кон нешто. Но ако се најдете во ситуација во која вашите очекувања се превисоки, постојано анализирате и чекате – отфрлете ги очекувања и прифатете ја реалноста таква каква што е.

Уморни сте од разочарувања? Отфрлете ги високите очекувања и прифатете ја реалноста. Потоа, разговарајте со оној што не ги исполнил вашите очекувања и објаснете му што и зошто го очекувате тоа од него.

„Се мажев 4 пати и секој брак ми беше подобар од претходниот“: Позната Русинка советува кога треба да се одлучите за развод
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.