„Се омажив со познат порно-актер“: Повеќето луѓе имаат погрешен впечаток, но еве како изгледа нејзиниот живот со него

Како изгледа бракот со порно-ѕвезда?

„Никогаш не помислував дека ќе се омажам за порно-ѕвезда, но тој ме научи како да бидам подобра љубовница“

Во своето интервју за странските медиуми, Австралијката Кејти Бамптон (38) раскажала како изгледа животот на жена на порно-актер. Вели дека луѓето имаат погрешни претпоставки и дека често се интересираат како изгледа нивниот брачен живот.

Тие биле заедно четири месеца, кога решиле да запловат во брачните води. На почетокот се сомневала дали нивниот брак ќе функционира, но во меѓувреме го сменила мислењето.

„Потполно го поддржувам во неговата работа. Знаев со што се занимава и пред да го запознаам и тоа ми пречеше малку на почетокот од врската“, рекла Кејти и продолжила:

„Но кога го запознав, сфатив колку заеднички интереси имаме.“


Уште за време на нивниот втор состанок, неговата професија станала пречка.

„Само што се бакнавме првпат, а тој замина некаде на снимање“, се присетила таа.

Сопружниците имаат и други партнери надвор од брачната заедница.

„Сексот не е ист на работа и дома и тоа дополнително ја зачинува нашата врска“, искрена била Кејти, која своите сексуални искуства ги споделува и со следбениците на социјалните мрежи.

Роби запловил во порно-водите на само 18 години. Тоа бил неговиот бунт против Јеховините сведоци, во чии редови пораснал…

„Сексот на работа и сексот дома за мене се две комплетно различни работи. За мене, ова е работа како и секоја друга“, изјавил Роби и додал дека има по две снимања неделно.

Кејти никогаш не мислела дека ќе се омажи за порно-ѕвезда, но животот имал поинакви планови…

„Луѓето мислат дека постојано имаме односи и дека одиме на свингерски забави, но тоа не е вистина“, додала Кејти.

Пред почетокот на ковид-пандемијата, двојката почнала да нуди разни онлајн-курсеви кои би можеле да им помогнат на паровите во врска и на сите оние што сакаат да бидат подобри во кревет. Тие ги продаваат своите видеа и брачни совети онлајн.

„Во еден месец најмногу имаме заработено околу 70.000 долари“, изјавиле овие необични сопружници.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.