Ова е партнерката на Џон Малковиќ: 33 години одбива да му стане законска сопруга – еве зошто!

Неверојатно

Двојката има и две возрасни деца

Малкумина знаат дека Џон Малковиќ е во врска со Николет Пејран од 1989 година и имаат две деца.

Славниот актер никогаш нема дадено изјава за медиумите дали се венчал со Николет, па статусот на нивната врска е непознат.

Еве која е Николет Перјан:

Родена е на 9 декември 1953 година во Италија. Студирала на Универзитетот во Пекинг, во доцните 1970-ти. Поради тоа, течно зборува и мандарински кинески јазик. Иако не се знае многу за нејзиниот ран живот, странските медиуми пишуваат дека нејзините родители биле од Франција и Италија.

Иако Николет не е актерка, имала неколку улоги во филмовите помеѓу 1987 и 1990 година.

Во 1979 година ја глумела Веи На во романтичната кинеска драма Not For Love. Нејзиниот филмски бакнеж бил првиот филмски бакнеж прикажан во Кина.

Тоа останало нејзината единствена актерска улога. Во 1980-тите се префрлила на филмски дела и станала трета асистентка на режисерот на филмот „Последниот цар“ од 1987 година. Сега е академик.

Николет и Џон се заедно од 1989 година. Двојката има две деца, Амандин и Луи.

Малковиќ го запознала на снимањето на филмот The Sheltering Ski (1990) во Северна Африка.

Малковиќ во една пригода признал дека Николет е личноста на која најмногу ѝ се воодушевува, опишувајќи ја како интересна, паметна и духовита.

Семејството еден период живеело на југот на Франција, каде што ги добиле децата. Но поради спор околу порез во Европа подоцна се преселиле во Кембриџ, Масачусетс.

Нивната ќерка Амандин работи во продавница за прехранбени производи, додека нивното второ дете Луи Малковиќ живее во Орегон и работи како компјутерски програмер.

Пред Николет, Џон бил во брак со актерката Глен Хедли, од 1982 до 1988 година. Двојката се разделила откако почнало да се зборува за наводната афера на Џон со неговата колешка од „Опасни врски“, Мишел Фајфер.

Првата сопруга на Џон, Хедли, починала во јуни 2017 од компликации како последица на белодробна емболија.

Во разговор за „Гардијан“ во септември 2016 година, Малковиќ открил дека тој и неговата Николет имаат подрум со вино. Зборувал за тоа дека неговата жена работи на организацијата на бизнисот, додека тој само пие.

На прашањето зошто досега не се венчале, двојката сложно одговорила дека тоа парче хартија не им значи ништо.

Џон Малковиќ за богатството, суетата и бракот долг 30 години: „Парите никого нема да го направат посреќен!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.