Џон Малковиќ за богатството, суетата и бракот долг 30 години: „Парите никого нема да го направат посреќен!“

5 клучни работи

Советите на славниот актер навистина вредат злато

Легендарниот актер Џон Малковиќ јавно зборувал за најдобриот животен совет што го добил, за неуспесите, суетата и за тајната на љубовта што трае 30 години…

„Татко ми секогаш ја кажуваше оваа реченица за природата на животот. Велеше: ‘Џони, кога ќе ја повлечеш врвката, мораш да очекуваш вода што ја измива тоалетната шолја.’ За мене, тоа би значело дека ако продолжам да го правам тоа што го правам, тогаш и последиците се неповратни и неизбежни. Татко ми секогаш јасно ми ставаше до знаење дека сам морам да го создавам својот живот, своите избори.“

За парите…

„… и понатаму не мислам дека парите ќе го направат некого посреќен – можеби подарежлив и помалку невротичен, но создаваат и многу проблеми, исто така.“

За поразите и за неуспесите…

„Имав долга и лична врска со неуспехот. Видете, ќе доживеете неуспех и вие тоа го знаете. Најголемите уметници, политичари и сликари, сите тие доживеале неуспех. Сите доживуваат порази, така што мора да бидете самокритични и да го прифатите неуспехот. Воспитан сум да бидам самокритичен. Кога бев помлад, никогаш не ми ни беше кажано дека сум добар во нешто.“

За книгата што продолжила да го инспирира низ годините…

„Книгата на која најмногу ѝ се имам враќано е ‘Бука и бес’ на Фокнер. Неверојатна мешавина на расизам, омраза, загуба, тага, пропаѓање и корупција. Една од највпечатливите реченици е кога таткото ќе му каже на својот син: ‘Ниту една битка не е извојувана. Тие дури не се ни бореа. Полето само го открива човекот, неговата глупавост и очај, а победата е илузија на филозофите и будалите’.“

За суетата и нејзината улога во неговиот живот…

„Ви треба многу суета. Секогаш велам дека стилот е единствената константа во животот – но не стил во смисла на богатство или сиромаштија, или како сте облечени, туку како се движите низ светот. Во некои случаи не е возможно да се одвои суетата од гордоста. Затоа, не сакам кога луѓето обвинуваат некого дека има големо его. Не го разбирам тоа. Дали тоа значи дека таа личност има здраво его или дека сака да биде идолизирана? Мора да имаме его за да се обидеме да го извлечеме најдоброто од себе, со сите наши таленти или за да го надминеме фактот дека воопшто не сме надарени. Во некои случаи не е возможно да се одвои суетата од гордоста.“

За љубовта долга 30 години…

„Само компромис. Ако имате потреба секогаш да бидете во право, шансите да успеете се мали.“

Чарлс Буковски: „Интелигенцијата предизвикува тага – колку повеќе работи знаеш, толку повеќе посакуваш никогаш да не си ги дознал!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.