Корисни совети: Решете ги проблемите во љубовната врска – без раскинување!

Во секоја врска, порано или подоцна, има несогласувања и расправии!

Некоја безначајна мала работа на почетокот на врската – подоцна може да делува како непремостлив проблем… Одржувањето на здрава врска бара многу труд и работа, но и трпеливост и компромис. Значи, не треба да ги игнорирате „предупредувањата“ што се појавуваат затоа што тие ви укажуваат на проблем што мора да се реши пред да ескалира. И не мора секој конфликт да заврши со раскинување!

# 1 Недоверба

Довербата е еден од основните столбови на здрава и исполнета врска. Недовербата може да проголта врска како оган. Обично се развива кога едниот во врската почнува да се сомнева во намерите на другиот. Нерешените сомнежи го отвораат патот за сомнеж и доведуваат до конфликт, гнев, фрустрација и непријатност.

Решение:

Размислете внимателно за тоа што влијаеше на вашата несигурност и поттикна недоверба. Бидете отворени и признајте ги чувствата пред партнерот. Ова ќе ви помогне да ја обновите својата врска.

# 2 Недостаток на благодарност

Секој од нас копнее за благодарност и позитивна реакција од своите партнери. Кога сте во врска долго време, скоро неизбежно почнувате да се сметате здраво за готово. Ова се рефлектира во фактот дека без размислување престанувате да ги цените малите нешта што ги прави вашиот партнер секој ден. Недостаток на благодарност доведува до дискусии за мали нешта, недостаток на ентузијазам и емотивни испади.

Решение:

Потрудете се да видите што е тоа што вашиот партнер го прави секој ден за вас. Разговарајте со него и направете го повторно да се чувствува сакан. Нагласете дека ги гледате и цените неговите напори.

# 3 Недостаток на интимност

Интимноста е втора на листата на најважни работи во романтична врска. Интимноста е чувство на блискост со партнерот, емоционална врска и поддршка. Сексуалната интимност е еден од најкритичните фактори во романтичните врски. Проблемот со интимноста е оној што неизбежно ги поткопува темелите на врската. Постојат многу фактори кои влијаат на недостаток на блискост, а на врвот на листата се заморот, стресот и бројните обврски.

Решение:

Разговарајте со вашиот партнер и откријте што влијае на вашата интимност. Ако е лош дневен распоред, обидете се да го преорганизирате. Најдете време само за вас двајца, затоа што само паровите кои се обидуваат да бидат заедно, и остануваат заедно.

Прочитајте и: Како да препознаете дали е подготвен за врска? Еве вака!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.