Калориите можете да ги стопите со бакнување: 10 интересни придобивки од бакнувањето

Истражувања откриваат

Покрај тоа што носи чувство на удобност и може да послужи како дел од предиграта, бакнежот носи и голем број здравствени придобивки што ќе помогнат за подобро ментално и физичко здравје.

Ја зголемува среќата

Хормонот на среќата се нарекува ендорфин, а со бакнувањето неговото ниво се крева во нашето тело.

Го намалува холестеролот

Студијата од 2009 година објавена во Western Journal of Communication вели дека нежното однесување што вклучува бакнување го намалува холестеролот.

– Се занимававме со хипотеза дека зголемената нежност има ефект во подобрување на физичката и менталната состојба предизвикана од стресот, а меѓу другото тоа е покачен холестерол. По шест недели, група испитаници покажаа подобрување не само во полесното управување со стресот, туку беа позадоволни од врската и имаа понизок холестерол, заклучија авторите на студијата.

Го намалува стресот

Колку често сте исцрпени и очајни на крајот на денот? Природниот одговор на телото на стресот е одговорен за ова.
– Бакнувањето го намалува нивото на кортизол, стрес хормон кој има негативен ефект врз нашиот имунолошки систем, ендокриниот систем и здравјето на мозокот, а особено на хипокампусот – вели доктор Стилс, препорачувајќи редовно да се бакнуваме со партнерите за да го намалиме нивото на стрес.

Ги ублажува симптомите на алергија

Јапонска студија од 2003 година објавена во списанието Physiology and Behavior го разгледуваше здравствениот ефект на бакнежот врз испитаниците. Тие се бакнуваа 30 минути во посебна просторија додека слушаа нежна музика. Оние кои страдале од затнат нос и слични симптоми на алергиски реакции од полен и куќна прашина, имале поблаги тегоби.

Забавно е

– Во Кама сутра има повеќе од 30 типа бакнежи. Бакнежот е важен начин на изразување и различните техники покажуваат дека спаѓа во сферата на креативноста. Затоа забавата е дел од тоа искуство, а забавата е одлична алатка за среќа – рече Џина Клауд, активистка за правата на жените.

Прочитајте и: 5 вежби за подобар секс

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.