Како да ги препознаете знаците на емоционална злоупотреба во врска?

Бидете внимателни

Тешко е да се препознае кога некој е злоставуван. Овој вид насилство вклучува различни форми на манипулација и од 2015 година се смета за кривично дело во многу земји.

Што е емоционално злоставување?

Адина Клер, директорка на „Woman’s Aid”, ја опиша емоционалната злоупотреба како „секое дело со кое партнерот ве контролира, злоупотребува или понижува“.

Таа додаде: „Тоа подразбира вашето целосно „исклучување“ кога сте изманипулирани и се сомневате во сопствените чувства за настаните; заплашување и закани, кога сте преплашени од партнерот и се чувствувате како да мора да „газите по јајца”; контролирајќи го вашето однесување, кога ќе ви кажат што да правите и што да не правите и кога ќе ви кажат каде можете да одите и каде не можете“.

На кои знаци треба да обрнете внимание?

Може да биде многу тешко да се открие овој вид на однесување. Мартин Буроу од„Relate”, организација за советување и поддршка, вели дека емоционалната злоупотреба може да вклучува заплашување и закани, понижување, критика, обвинување, да утврди што можете и што не можете да направите и да ги контролира финансиите.

„Клучна работа во препознавањето на овој вид насилство е како се чувствувате. Ако вашиот партнер постигне вие постојано да се чувствувате како некој да ве контролира и да не можете да го искажете своето мислење или мора да го смените однесувањето за да му угодите, тоа е алармантен сигнал“, вели Буроу.

Кои се последиците од емоционалната злоупотреба на жртвата?

Како и секоја друга форма на злоупотреба, ова може да има трајни последици за жртвата и скоро секогаш е придружено со некои други видови насилство.

„Емоционалната злоупотреба поддржува која било друга форма на насилно однесување и може да се случи самостојно, но може да биде придружена и со физичко и сексуално злоставување. Емоционалната злоупотреба има големо влијание врз животот на жената и се јавува во форма на многу посттрауматски симптоми што можат да се појават со години откако таа ќе излезе од проблематична врска“, вели Адина.

„Емоционалната злоупотреба може да предизвика неверојатна штета и вознемиреност во нечиј живот. Може да предизвика ниска самодоверба и да ја ослаби независноста на жртвата, принудувајќи ја да се сомнева во сé што прави или рече“, додава Мартин.

Дали емоционалната злоупотреба се јавува само во романтични врски?

Емоционалното злоставување најчесто се споменува кога станува збор за романтични врски, но сепак може да се случи во која било друга врска што ја имате со некого.

„Емоционалната злоупотреба вклучува обиди на една личност да контролира друга личност на емоционално ниво. Може да се случи во која било врска, без разлика дали е со пријател, партнер, член на семејство или колега“, објаснува Мартин.

Како да побарате помош?

„Ако сте биле злоупотребени или се чувствувате како злоупотребени, но не сте сигурни, најважниот чекор е прво да разговарате со некој што е надвор од таа врска и кому му верувате. Може да биде пријател, советник или специјална заедница што ги поддржува жртвите. Кога го слушате мислењето на некоја личност која гледа на сè од страна, тоа ќе ви помогне да го идентификувате насилството и да добиете поддршка“, заклучува Мартин Буроу.

Прочитајте и: Зошто некои врски се осудени на пропаст и покрај големата љубов?

 

ФОТО: Pexels

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.