Ѝ била најдобра пријателка на неговата сопруга кога лудо се вљубиле: Со години се зборувало за една негова изјава!

Стинг и Труди

Стинг и Труди Стајлер се во брак од 1992 година, а неодамна освоиле награда за маслиновото масло што го произведуваат на својот имот во Тоскана

Стинг (70) изградил одлична музичка кариера со рок-групата The Police, а сега со својата сопруга, актерката Труди Стајлер (68), му се посветил на маслинарството.

Трудот на пејачот се исплател, бидејќи ја освоил наградата Three Leaves за маслиновото масло што го произведувал на својата фарма Il Palagio во Тоскана.

„Оваа сорта дава интензивно екстра девствено маслиново масло со златен отсјај, фино, ароматично, вкусно и овошно, со ронка зачин и горчина“, истакнал Стинг кој е горд на наградата што ја доделува водечкиот кулинарски водич Gambero Rosso.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trudie Styler (@trudiestyler)


Рок-ѕвездата и сопругата, на својот имот што го купиле во 1997 година, произведуваат и вино, мед и салама. Музичарот еднаш кажал дека добрата храна и добрата музика се поврзани.

Труди во една пригода се осврнала на озборувањата за тантричкиот секс и рекла дека го обвинува музичарот Боб Гелдоф, кој имал интервју со новинарот заедно со нејзиниот сопруг, а истовремено пиеле пијачки.

„Во еден момент новинарот ги праша за нивните сексуални способности и Гелдоф кажа дека Стинг може со часови да води љубов, бидејќи се занимава со јога. А мојот сопруг го праша: ‘Па, зар не си слушнал за тантрички секс?’ Тоа е всушност грижа за партнерот, зголемување на интимноста со нега“, раскажала Труди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trudie Styler (@trudiestyler)


На многумина им е интересно тоа што двојката се запознала во 1970-тите, бидејќи Труди ѝ била најдобра пријателка на неговата прва сопруга Франсис и живеела во нивното соседство.

„Ниту еден од нас не е горд на ситуацијата што едноставно се случи. Се сакавме, се венчавме и добивме уште деца. Тоа е нашата приказна“, рекла Труди.

Стинг и неговата сопруга ја имаат најубавата куќа во срцето на Тоскана: Стара е 400 години и никој нема ваков поглед! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.