Бегајте подалеку: Вака ќе препознаете токсичен човек со кого врската е осудена на пропаст!

Ако ги забележите овие 3 работи кај вашиот партнер, односот со него нема иднина.

Многу жени, заслепени од емоции, честопати не забележуваат дека ги живеат своите животи покрај токсичен партнер, кој ги гуши нивните амбиции и не им дозволува да го живеат животот во целост.

Некои мажи се толку вешти што едноставно е невозможно да се разбере дека сме во канџите на манипулаторот. Тие знаат како да ги држат жените во свои раце и да ги убедат дека нема подобар избор од него. Психолозите и експертите за врски откриваат 4 јасни знаци дека споделувате живот со токсична личност и дека вашата врска е осудена на пропаст.

Ако забележите некој од овие знаци, време е да се збогувате засекогаш:

1. Не сте сигурни дали вашата врска е „здрава“

Кога ќе се појави дури и најмалиот сомнеж, тоа е знак на тревога. Ако не сте целосно сигурни дека се чувствувате среќни и сакани покрај таа личност, тоа значи дека тој не е за вас.

Ако немате исти погледи на светот, тоа е знак на тревога, нагласуваат психолозите. Не е дека треба да бидете како близнаци, но мора да имате некои заеднички карактеристики. Доколку не постојат, таквата врска е осудена на пропаст. Врската во која се цени само неговото мислење и се ценат само неговите ставови, е апсолутно нешто што треба да се прекине што е можно побрзо.

2. Чувствувате доза на вознемиреност и потреба да се докажете кога сте покрај него

Ако не се чувствувате добро со вашиот партнер или често сте мета на неговата критика, сосема е јасно дека тој не е вистинскиот. Вистинскиот маж е тука за да ви даде поддршка кога работите не одат одлично, и во никој случај тој што ги гледа само вашите маани.

3. Се чувствувате како да не сте истата личност

Како по правило, ваквата „љубов“ започнува многу брзо и за неколку дена чувствувате дека сте толку приврзани за вашиот партнер, што мислите дека нема да можете да направите ништо без него.

Тој станува центар на вашиот свет и само вие вложувате во таа врска. Ако за момент почувствувате дека се губите во врска, слушајте го вашиот инстинкт и прекинете ја таа врска.

Вашата желба да ја задржите саканата личност е разбирлива и природна, но по која цена? Размислете повторно, дали вреди да се откажете од себе?

Прочитајте и: Психолошки тест: Само 3 прашања што во моментов ќе утврдат дали вашата врска има иднина

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.