9 необични знаци кои можат да потврдат дека сте создадени еден за друг

Знаците се насекаде околу вас, прашање е само како ги толкуваме. Ако не сте сигурни дали сте добар спој, откријте неколку сигнали за вашата врска или недостаток од нив.

Има нешто во движењето

Мажите одат полека со партнерката со кои се во врска отколку со жените со кои не се обврзани со романтични чувства. Во исто време, прошетките со пријателите или колегите мозокот ги доживува различно, затоа тогаш одиме побрзо. Научниците веруваат дека луѓето го прават тоа несвесно и дека еволуцијата е одговорна за сè што го штити потомството.

„Ние“ сме позадоволни од врската

Двојките кои не зборуваат за себе како индивидуи, но велат „ние“ веројатно ќе успеат повеќе од другите парови. Тие се подобри во решавањето на конфликтите и се позадоволни од нивната врска отколку паровите кои ја избегнуваат фразата „ние“, според истражувањето на универзитетот Нешвил.

Хормоните одредуваат кој ни се допаѓа

Секој од нас има одреден вид на партнер кој најмногу ни се допаѓа, велат психолозите, но на крајот, сето тоа се сведува на ниво на хормони.

Луѓето најмногу ги привлекуваат партнерите кои ослободуваат исти нивоа на допамин, серотонин, естроген и тестостерон, според Др. Хелен Фишер, автор на „Зошто него, зошто таа?“ која има спроведено студија на 30.000 луѓе.

Прочитајте и: Цел ден сте дома со партнерот? Еве како да избегнете непотребни расправии

Партнер за живот или не? Неговото лице го открива тоа

Освен дланките на рацете, лицето кажува многу за врската. Жените ги гледаат мажите со пошироко лице како материјал за кратки врски. Овој вид на лице е поврзан со доминација и агресија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.