Еве како се однесуваат Кинезите по карантинот: Добиле јасни инструкции – нема лабаво!

После епидемијата

Еве што не’ чека кога ќе излеземе од карантин

Дарио Кабаш од Сплит кој веќе две години живее во кинескиот град Хефеи во покраината Анхуи, која граничи со Вухан, епицентарот на новиот коронавирус, во едно интервју кажал:

„Цело време се чудев зошто во Европа толку многу се игнорираше сериозноста на ситуацијата во Кина, а сега, колку што гледам, се применува сличен рецепт за сопирање на ширењето на вирусот. Мене тогаш мајка ми ми велеше да си дојдам дома, но не сакав, бидејќи се плашев да не го донесам вирусот“, открил Дарио.

Тамошниот карантин траел еден и пол месец, а во Вухан траел и подолго.

„Бевме во шок, речиси прекуноќ моравме да останеме дома, школите и факултетите се затворија, како и целиот јавен живот. Можевме секој втор ден да одиме по намирници и тоа само еден член од семејството. Овде секој станбен блок е заграден и секој од станарите има електронски клуч за оградата“, раскажал 28-годишниот Дарио.

„Да, и сите носеа маски, но Кинезите уште од епидемијата на САРС секоја сезона носат маски. Сега, кога полека се’ се отвора, а уверен сум дека и вие ќе мора да се стрпите еден и пол месец, можеме да излегуваме, но се’ уште сме многу внимателни. Луѓето овде добија апликација на мобилен телефон кога открива дали се здрав или не. Ако покажува зелено, здрави се и можат да влезат во кафулиња, кина и трговски центри… Ако покажува црвено, значи дека имаат температура. Инаку, се’ е отворено, но не работи со полн капацитет. Сепак, се’ уште се внимава на растојанието, но и ваквиот режим е вистинско олеснување по строгиот карантин.“

Исповед на заболен од коронавирус: „Ова искуство не би му го посакал ни на најлошиот непријател!“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.