„Џиџи, едноставно не го интересираш…“ Што значи кога нема да се јави по првиот состанок?

Во надеж дека еднаш засекогаш ќе пронајдеме одговори на некои жешки прашања, кои отсекогаш нè копкале, нашата новинарка Тамара Богуновиќ побара искрено мислење од четворица другари. Еве што откри…

Пред неколку дена ми се јави другарката да го решиме мистериозно исчезнување на дечкото што ја поканил на состанок, кој по една пијачка и неколку бакнежи веќе не се јавил. И покрај изреката „кој знае зошто е добро тоа“, сепак недостига конкретен одговор кој би ја решил загатката.

Ненад: Страв од неуспех. Да, постои! Тоа е мигот кога мажот без никаква надеж и очекувања отишол на состанок, верувал дека ќе биде само уште едно излегување, мала кратка забава – но следело изненадување. Девојката му се допаднала, а не се надевал на тоа. Тогаш следува паника, од која произлегува парализа и нејавување.

Милош: Илјада желби, една реалност. Кога ќе запознаеш некоја личност, почнуваш да мечтаеш за разни нешта што би ги правел со неа. Патувања, излегувања, седење дома и гледање филмови, размислуваш како се бакнува, што зборува, како се однесува во дадени ситуации… А ако веќе на првиот состанок се покаже дека не е девојката од твоите мечти…

Петар: Не е сингл. За жал, честа појава, но сосема нормална. Во рамките на овој феномен постојат две категории, а тоа се мажи што имаат девојка, но кои свесно влегуваат во нова авантура, очекувајќи забава за една вечер, па по освоената тврдина, продолжуваат понатаму. И други, на кои едноставно им се случува таквата ситуација. Можеби новата ситуација многу им се допаднала, но сепак остануваат во својата комфорна зона.

Дарко: Едноставно не е заинтересиран за тебе. Мажите имаат проблем отворено да покажат дека не се заинтересирани бидејќи начелно веруваат дека се јаде сè што лета. Жената би требало да го прифати фактот дека не му се допаѓа доволно за да поминува време со неа. Колку и да звучи сурово, има право на свој избор.

 Текст: Тамара Богуновиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.