Ова се трите најлоши женски комплекси!

Еве кои се најчестите комплекси кои ја оптоваруваат речиси секоја жена...

Се сеќавате кога последен пат сте биле задоволни со својот изглед? Ако не можете да се сетите, тогаш припаѓате на мнозинството жени кои постојано си наоѓаат маани кај себе. Се тврди дека жените се повеќе склони кон создавање комплекси отколку мажите.

Ова се трите најлоши женски комплекси

Јас сум дебела!

Незадоволството од сопственото тело е дефинитивно проблем број еден. Жените се под голем притисок да имаат совршени тела што се прикажуваат во модниот свет, списанијата и филмската индустрија. Нормално е дека во одреден момент од животот ќе дојдете во ситуација да не можете да изгледате како тинејџерка, па комплексот за вишок килограми и масти стапува во игра. Но малку вишок на колковите, стомакот или задникот понекогаш може да изгледа посекси од слабото тело. Не ни верувате? Прашајте ги мажите…

Јас сум слаба а имам целулит!

Има многу малку жени кои имаат совршено затегнато тело без навестување на целулит. Тоа се обично жени кои вежбаат и се хранат здраво. Борбата против целулитот стана мисија на секоја жена, а настанува како резултат на неправилна исхрана, гени, но и недостаток на движење. Ако мислите дека манекенките и познатите личности немаат целулит, само запомнете колку нивните фотографии се фотошопирани пред да бидат објавени. Совршено затегнато тело без целулит обично ги краси професионалните спортисти и оние дами кои поголемиот дел од времето го поминуваат во вежбање и грижа за исхраната.

Тенот ми е лош!

Бојата на кожата најмногу зависи и од генетиката и од тоа што јадете. Многу жени се жалат дека се бледи, или имаат жолтеникав тен, мозолчиња, дамки, пеги итн. Можеби понекогаш не сте ни свесни дека сите тие мали несовршености можете да ги видите само во огледалото а не се навистина многу видливи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.