РЕХАУ го претставува својот систем СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE) – со нов механизам на отворање и лесна употреба

Лизгачки системи што ги исполнуваат најпрецизните барања

Без оглед каде живеете, лизгачките врати и прозорци со големи димензии претставуваат совршен начин за создавање импресивна и автентична архитектура, па така нивната популарност постојано се зголемува. Станбениот простор станува се’ помал, а лизгачките врати и прозорци се совршено решение за оваа дилема: со овие системи кои навистина штедат простор, добиваме простор околу прозорецот за слободно уредување.

Лизгачкиот систем „синего слајд“ е врвно решение за ситуации каде што секој метар квадратен е важен. Лизгачките елементи со големи димензии, се исклучително популарни и претставуваат дизајнерски елемент при уредување на ентериерот, а нивната предност лежи во фактот што не заземаат дел од внатрешниот или надворешниот простор додека се отворени. Текстот продолжува по огласот…

Тие ги исполнуваат високите побарувања за дихтување, трајност и сигурност. Новото решение СИНЕГО СЛАЈД, на РЕХАУ ги исполнува сите услови, а од март 2021 е достапно и на нашиот пазар.

Поради самиот дихтунг, кој оди околу целата рамка на СИНЕГО СЛАЈД, системот е целосно заптивен и исклучително енергетски ефикасен, благодарение на длабочината на вградување од 80 мм и можно застаклување со дебелина дури до 51 мм.

Иновативниот начин на движење, овозможува лесно отворање и затворање без многу напор. Скриените компоненти гарантираат беспрекорна функционалност на целиот систем.

СИНЕГО СЛАЈД е далеку пред досегашните системи кога се работи за неговата робусност, така што веројатноста да настане хаварија е многу помала отколку кај паралелно нагибните лизгачки врати. Како и кај останатите профили од системот СИНЕГО, и СИНЕГО СЛАЈД има висококвалитетна ХДФ-површина, која се одржува исклучително лесно. СИНЕГО СЛАЈД го има во 400 различни бои и декори од програмата КАЛЕИДО КОЛОР. Со користење на алуминиумскиот капак од линијата КАЛЕИДО КАВЕР со сива основа, може да се добие елегантен изглед на алуминиум со сите предности и функционалности на полимерни профили.

СИНЕГО СЛАЈД овозможува ширина на отворот за влез до 1,9 метри, а самиот елемент може да биде и со ширина до 4 метри и висина до 2,6 метри. Тоа го прави системот совршен за уредување на простории со средна големина.

Иновативно решение што дава нова можност на архитектите, инвеститорите и производителите на прозорци, да создадат ново решение и нова понуда на пазарот, во овој сегмент.

РЕХАУ групацијата е експерт за полимери, кој прави годишен промет од повеќе од 3,5 милијарди евра. Таа е независна и стабилна, фамилијарна компанија.

РЕХАУ брои повеќе од 20.000 вработени, кои активно работат на повеќе од 170 локации ширум целиот свет.

Во Европа, РЕХАУ брои околу 12.000 вработени, од кои само 8.000 во Германија. Во Македонија РЕХАУ брои 17 вработени од каде што се опслужуваат пазарите во Македонија, Косово и Албанија.

Веќе 70 години, РЕХАУ создава се’ полесни, поудобни, посигурни и поефикасни вештачки производи и ги испорачува низ целиот свет.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.