Толку и од оваа свршувачка: Џенифер Лопез и Алекс Родригез раскинаа… дефинитивно!

Ништо од венчавката

Џенифер Лопез (51) и Алекс Родригез (45) веќе не се свршени. И двајцата во ексклузивната заедничка изјава за Today потврдиле дека отсега секој оди по својот пат.

Сфативме дека сме подобри како пријатели и се радуваме дека ќе останеме тоа. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме еден со друг на нашите заеднички проекти. Го посакуваме најдоброто еден на друг и на нашите деца. Од почит кон нив, единствениот коментар кој мораме да го дадеме е благодарност до сите кои ни упатија убави зборови и поддршка“, пишува во официјалната објава.

Двојката беше во врска повеќе од четири години, а пред две години пензионираниотбејзбол-играч клекна пред пејачката и ја запроси со прстен вреден пет милиони долари.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Засега не е познато кога започнаа неволјите во нивниот „рај“, но гласините за прекин на врската дојдоа по шпекулациите дека Алекс ја изневерил Џеј Ло со ѕвездата на Southern Charm, Медисон Ле Крој, но тој тогаш ги демантираше ваквите приказни.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.