Геотермални топлински пумпи за врвен конфор и ниски месечни трошоци

Не ја загадуваат околината

Фото: Пинтерест

Еден од најефикасните и најеколошки начини за загревање на еден објект е со помош на геотермална пумпа. Гео-термалната пумпа ја има таа способност да од ниско температурни извори (како што се подземната вода и земјата) да ја извлечи енергијата и да ја покачи на повисоко ниво потребно за загревање на објектите. Гео-термалните пумпи се делат според начинот на изведба на две групи: изведба со греење со отворен и изведба на греење со затворен круг. Разликата е тоа што кај изведбата на греење со отворен круг како извор на енергија се користи подземната вода, додека кај изведбите со затворен круг се користи топлината од земјата.

Фото: Емитер

Eнергетската ефикасност на една гео-термална пумпа (COP) е четири. Со други зборови за секој потрошен киловат електрична енергија со помош на геотермалната пумпа се добиваат четири киловати топлина. За најдобри резултати се препорачува употреба на гео-термални пумпи кај објекти кои се со добра термичка изолација. Времето на поврат на инвестицијата доколку се вградува во објект кој е добро изолиран е 4 до 5 години. Друга одлика на геотермалните пумпи е тоа што речиси и да не е потребно нивно одржување и имаат долг век на трааење. Работат тивко, не ја загадуваат околината и дефектите се реткост доколку се квалитетно инсталирани и доаѓаат од реномиран производител.

Геотермални топлински пумпи можете да најдете во „ZEO Solutions“ кои што имаат повеќе од 300 инсталирани единици, гаранција од 5 години, а се произведени во Македонијс. Повеќе информации за нивните услуги можете да најдете на нивната официјална веб страница www.zeos.mk или пак на телефонскиот број 025115376.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.