Обојте го пирето! Да, сериозни сме!

Еве зошто!

Оваа сезона, жолтата боја не е повеќе во мода кога станува збор за пирето!

Се шегуваме малку, но факт е дека пирето од различни видови зеленчук (а не само од компир) ќе го збогати вашиот оброк со нутриенти, а вкусот сигурно нема да ве разочара.

Импровизирајте и смислувајте нови комбинации на зеленчук, само рецептот нека остане ист како за пире од компир: изблендирајте го сварениот зеленчук со малку масло (маслиново, кокосово) и течност (млеко, растително млеко, водата во која се варел зеленчукот) и додајте зачини по вкус.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.