Највкусната печена тиква што сте ја пробале: Може да биде слатка или солена, никој не може да ѝ одолее!

Совршен рецепт

Есенската сезона секогаш ја поврзуваме со топли напивки и десерти од рерна чиј неодолив мирис се шири низ целиот дом. Покрај јаболката и костените, една од есенските намирници што најчесто ја приготвуваме на овој начин е тиквата, која не само што е многу здрава, туку и многу вкусна

Тиквата може да се користи за приготвување разни пити, мачканици, хумус и потажи, или може едноставно да се консумира во печена форма со додаток на разни сосови и преливи. Со комбинирање на различни вкусови и текстури, од овој едноставен производ лесно може да се приготви возбудливо гастро-доживување и секогаш да се креира нова и несекојдневна комбинација на вкусови.

Поради тоа, издвоивме неколку брзи и лесни рецепти со печена тиква – во солена и слатка варијанта. Сами одлучете која варијанта ви е омилена, а ние ве советуваме да ги испробате сите!

Основен рецепт за солена верзија

Пред да почнете со приготвување на овие јадења, важно е да знаете дека за печење најдобро е да се користи хокаидо или мускатна тиква – не треба да се лупи кората. Само преполовете ја тиквата во должина, отстранете ги семките со лажица, а потоа исечкајте ја на резанки или парчиња со посакуваната големина. Распоредете ги на плех обложен со хартија за печење. Прелејте ги со сусамово масло (по желба), посолете ги и забиберете ги, па додајте мешавина од рузмарин и зачини по желба. Печете ги околу 30 минути на 180 степени или додека тиквата зарумени на рабовите и омекне. Не заборавајте да ја промешате малку во текот на печењето, за сите парчиња рамномерно да се испечат. Послужете ја како прилог со некој од овие два соса:

Павлака од индиски ореви

Измешајте 1/2 шолја индиски ореви (што претходно стоеле во вода најмалку 2 часа), 1 лажиче лимонов сок, 1/2 лажиче јаболков оцет, прстофат сол и 1/2 шолја вода во миксер или блендер. Прелејте ја тиквата со сосот и уживајте!

Тиква со сос гвакамоле

Пресечете авокадо во должина, отстранете ја семката и издлабете го плодот со лажица. Прелејте го со лимонов сок. Згмечете го авокадото со виљушка или изблендирајте го со миксер. Додајте чешне лук (може и во прав, но можете и да го изоставите), магдонос, власец (или други зачини по желба) и лажица маслиново или сусамово масло, па зачинете со сол и бибер. Ако сте ја исекле тиквата на поголеми парчиња, можете да ги потопите во сосот или да го послужите како прилог.

Слатка верзија

Доколку, пак, сте поголем љубител на слатки рецепти, тогаш задолжително испробајте ја оваа варијанта. Испечете ја тиквата според горенаведениот рецепт (само без да додавате сол, бибер и зачинско билје), па прелејте ја со мед или јаворов сируп, посипете ја со цимет и со мелени ореви по желба.

Добар апетит!

20 дена јадела тиква: Еве како си го подобрила здравјето!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.