Нема поубаво нешто: Направете домашни баварски печива

Рецепт

Овие домашни пецива ќе го внесат духот на Баварија во вашиот дом. Баварските пецива се одличен избор како вечерна ужина, но можат да се послужат и како вкусни сендвичи за следното утро. Ви носиме едноставен рецепт кој ќе ви се допадне.

Состојки:

450 грама меко брашно тип 400

1 кесичка сув квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

280 милилитри топло млеко

3-4 лажици маслиново масло.

Состојки за готвење:

3 литри вода,

60 грама сода бикарбона

крупна морска сол за посипување

 

Подготовка:

Во еден сад направете длабочина во 450 грама брашно, истурете ги квасецот, шеќерот и топлото млеко и оставете околу 10 минути да се активира квасецот. Потоа додадете сол и масло и замесете го тврдото тесто. Покријте го со фолија и крпа и оставете го да нарасне.

Нараснатото тесто замесете го, па поделете го и направете ги саканите форми. Покријте ги со крпа и оставете ги да нараснат.

Во подлабоко и поголемо тенџере се става водата да зоврие. Кога ќе зоврие, ставете сода бикарбона да се вари 1 минута, па се додаваат пецивата да се варат до 1 минута. Наредете ги да ви бидат блиску, спуштете ги во вода, кога ќе го спуштите последното избројте до 30 и потоа извадете ги по можност по редоследот по кој сте ги ставиле. Извадете ги со вилушка на крпа да се исцедат, па префрлете ги на хартија за печење, исечете ги, посипете ги со морска сол и печете ги на 220 степени околу 20 минути, па печењето задолжително прилагодете го во рерната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Radulović (@moja_taverna)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.