Вака се прават класични италијански лазањи: Вкусот е сосема поинаков – дури сега ќе сфатите колку се добри!

Пробајте!

Класичните италијански лазањи подразбираат приготвување домашни кори и фил што е вкусен како сон

Дали некогаш сте приготвиле лазањи по стар италијански рецепт? Еве ви шанса…

Состојки:

За црвениот фил:

  • 350-400 г мелено месо (мешано, свинско и јунешко)
  • 400-500 г домати (пелат, од конзерва)
  • сол, бибер, оригано
  • 1 главица кромид
  • 2 стапчиња целер
  • 1 рендан морков

За сосот бешамел:

  • 50 г путер
  • 50 г брашно
  • минимум 0,5 л млеко
  • 250-300 г кашкавал

За кората:

  • 250-300 г брашно
  • 1-2 јајца
  • малку вода
Приготвување:

Замесете кори за лазањи, така што во брашно ќе ставите 2 цели јајца и малку вода, па почнете со месење. Потоа, префрлете ја смесата на работна површина, додајте малку маслиново масло, па повторно месете додека добиете хомогена смеса. Завиткајте го тестото во кеса или проѕирна фолија, па ставете го во фрижидер да одмори додека го приготвувате филот.

Пригответе го црвениот фил така што во загреано масло ќе ставите кромид, а потоа и ситно сечкани стапчиња целер и рендан морков. Кога кромидот ќе стане проѕирен, додајте месо и зачини, па динстајте. Додајте и домати пелати, па оставете го сето тоа да крчка.

Пригответе го сосот бешамел така што во подлабоко тенџере ќе растопите путер, а потоа постепено ќе му додавате брашно и ќе долевате млеко. Кога ќе ги потрошите и брашното и млекото, ставете малку сол и повторно мешајте додека ја добиете соодветната густина.

Кога филовите ќе бидат готови, извадете го тестото од фрижидер, па расучете го и ставете го на дното на огноотпорен сад, а врз него ставете црвен па бел фил, па рендан кашкавал, па повторно тесто и така додека го потрошите материјалот. Завршете со сос бешамел и рендан кашкавал. Печете ги во рерна околу 40 минути на 180 степени.

Сте пробале лазањи со ајвар? Познатиот италијански специјалитет на македонски начин!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.