Совршен баланс помеѓу чоколадо и џем од кајсии: Испробајте го оригиналниот рецепт за сахер-торта!

Совршенство!

Пробајте го рецептот за оваа легендарна торта

Оваа торта е толку посебна поради совршениот баланс помеѓу чоколадото и џемот од кајсии. Чоколадната кора со путерест вкус и нежните кајсии што ја смируваат слаткоста, му даваат совршена хармонија на овој десерт, по кој Австрија е позната, барем кога станува збор за храната.
Хотелот „Сахер“ во Виена го добил правото својата торта да ја нарече „оригинална сагер-торта“, која носи тркалезен чоколаден печат. Тортата се послужува со шлаг што не е засладен, а со тортата задолжително оди и кафето меланж.

Оваа позната торта има и свој ден кој се одбележува на 5 декември.

Пригответе ја оваа чоколадна магија за некоја свечена пригода следен пат и бидете сигурни дека ќе го воодушевите своето семејство и гостите.

Ова е оригиналниот рецепт за сахер-торта…

Состојки:

За корите:

  • 6 јајца
  • 150 г путер
  • 130 г чоколадо со 55% какао
  • 100 г шеќер
  • 100 г шеќер во прав
  • 140 г брашно
  • 1 ванила стапче (по желба)

За филот:

  • 200 г џем од кајсии

За преливот:

  • 200 г шеќер
  • 125 мл вода
  • 150 г чоколадо со 55% какао
Приготвување:

Одвојте ги жолчките и белките. Изматете ги белките и додајте шеќер. Посебно изматете го путерот со жолчките, па додајте стопено чоколадо.

Просејте брашно во смесата и додајте ги претходно изматените белки. Во тркалезен плех со страници што се раздвојуваат, ставете хартија за печење, па префрлете ја смесата.

Печете ја 10 минути со подотворени врати од рерната на температура од 170 степени (задолжително загрејте ја рерната пред да ги ставите корите).

Потоа, уште 50 минути на истата температура со затворена врата. Оставете ја да се олади дваесетина минути, па пресечете ја кората на пола.

Во тенџере стопете чоколадо, шеќер и вода. Оставете го да се олади, па филувајте ја средината со домашен џем од кајсии, а последната кора прелејте ја со топено чоколадо.

Добар апетит!

Запрено производството на луксузната сахер-торта: Направете ја сами!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.