Мус од кафе: Десерт на кој не може да му се одолее!

Кремасто

Неодолива комбинација на чоколадо и кафе!

Состојки:

За мус од кафе

  • 70 г чоколадо за готвење
  • 4 лажици врело јако кафе
  • 3 јајца
  • 85 г шеќер
  • 150 мл слатка павлака
  • За желе од кафе:
  • 6 ливчиња желатин
  • сварено јако кафе (без талог)
Приготвување:

Мус од кафе: Чоколадото за готвење скршете го на ситни парчиња и ставете го во врело и јако кафе. Гответе го на пареа додека се стопи, а потоа оставете го да се олади.

Жолчките и шеќерот сипете ги во чинија и изматете ги со миксер. Слатката павлака цврсто изматете ја во шлаг. Потоа, во кремот додајте ја оладената мешавина на чоколадо и кафе, и на крајот додајте го и шлагот.

Цврсто изматете ги белките и измешајте ги со кремот од чоколадо и кафе.

Смесата ставете ја во фрижидер да се лади околу 3 часа.

Желе од кафе: Желатинот пригответе го со јакото кафе, претходно исцедено да нема талог. Засладете по желба. Одвојте 1/3 од количината и сипете ја на чинија, па кога ќе се зацврсти, исечете ја на коцки.

Во приготвената чаша прво сипете малку желе од кафе, па слој мус од кафе, желе и завршете со мус. Одозгора декорирајте со коцки желе од кафе.

Пудинг Валдорф: Луксузен десерт што се служел на Титаник!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.