Меки мафини со јагоди

Испробајте!

Брз и лесен рецепт за боженствен десерт!

Состојки:

Тесто:

  • 180 гр брашно
  • 150 гр шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 80 мл сончогледово масло
  • 1 јајце
  • 120 мл млеко
  • 180 гр исечени јагоди

Глазура:

  • 120 гр шеќер во прав
  • 2 лажички млеко

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте го калапот за мафини со путер. Во сад изматете го брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво. Ставете го настрана.

Во друг сад измешајте ги маслото, јајцето и млекото. Потоа додадете ги во првиот сад со брашното и измешајте сè добро. Откако ќе се измешаат сите состојки, додадете јагоди и повторно промешајте. Истурете го тестото во садот за мафини.

Печете околу 12 до 14 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги мафините да се изладат пред да ги извадите.

Во мал сад измешајте го шеќерот во прав и млекото додека не исчезнат грутките.

Кога ќе се изладат мафините, лесно премачкајте ги со шлаг.

Предлог за главно јадење: Потпечено пилешко со јогурт и кашкавал: Ручек за сите вкусови

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.