Чудесна торта од палачинки без печење: Кремливо совршенство готово за помалку од половина час!

Мора да го пробате овој десерт

Брза торта од палачинки со кремлив фил

Планирате да правите торта за роденден или семеен ручек, но немате премногу време за готвење? Не грижете се, со овој рецепт можете да направите торта истиот ден кога ви е планирана свеченоста, бидејќи ќе ви треба помалку од половина час!

Корите се печат во тавче, што дополнително ќе ви ја олесни работата, а филот се приготвува буквално за 5 минути. Па, што чекате?!

Состојки:
  • 270 г брашно
  • 3 лажици какао
  • 1,5 лажиче прашок за печиво
  • 150 г шеќер
  • 10 г ванилин шеќер + уште едно лажиче
  • 100 г масло
  • 360 мл вода
  • 500 г свежо сирење
  • 180 г путер
  • 5 лажици шеќер во прав
  • овошје за декорација
Приготвување:
  • Измешајте го брашното и прашокот за печиво.
  • Потоа, додајте шеќер и ванилин шеќер.
  • Сипете масло и вода и мешајте за да нема грутки.
  • Намрсете го тавчето и загрејте го.
  • Ставете од смесата во тавчето, како кога правите палачинки. Ќе ви требаат 3 кори.
  • Пригответе го филот така што ќе го измешате сирењето со путерот и шеќерот во прав, па ќе матите со миксер додека стане кремливо.
  • Филувајте ги корите со слаткарски шприц и редете ги една врз друга.
  • На крајот, врз филот ставете овошје по избор.
  • Ставете ја во фрижидер за да се стегне пред сечењето.

Погледнете го видеото за подетални упатства и уживајте…

Овошен колач што се топи в уста!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.