Халима родила 9 бебиња и го срушила светскиот рекорд: Еве како изгледаат! (ФОТО, ВИДЕО)
Неверојатно
Нејзината приказна е неверојатна, бидејќи наместо едно, оваа жена родила девет бебиња и го срушила светскиот рекорд
Халима Кисе, 26-годишна жена од Мали, родила девет бебиња во Мароко, соборувајќи го моменталниот светски рекорд што го поставила Наџа Сулеман во 2009 година, кога родила осум бебиња.
Сега, неколку месеци по породувањето, госпоѓа Кисе вели дека бебињата се здрави и сѐ поголеми секој ден, па подготвени се да ја напуштат болницата и да си одат дома.
„Се сложуваат заедно и задоволство е да се грижиш за нив. Секој ден стануваат сѐ посилни и наскоро ќе ни биде дозволено да се вратиме дома.“
View this post on Instagram
Нејзиниот сопруг морал да остане сам во нивниот дом поради мерките за КОВИД и дури на 9 јули првпат ги запознал бебињата во Мароко. Халима на свет донела четири момчиња и пет девојчиња.
Фотографирани заедно за првпат, завршиле на насловните страници на магазините ширум светот, а во продолжение погледнете како изгледаат.
Халима вели дека на почетокот трошеле по 100 пелени дневно и шест литри млеко, дека била премногу уморна за да се грижи за нив. Вели дека сега ѝ се враќа силата.
View this post on Instagram
„Да се роди едно дете е доволно тешко, но незамисливо е да се има девет“, рекла Халима.
„Неверојатно е тоа колку работа е потребна за да се води соодветна грижа за нив. Благодарна сум му на медицинскиот тим што ми помогна и на владата што го овозможи ова.“