Бостонски крем-коцки: Кремав десерт што се подготвува лесно, а освојува на прво залче!

Се топи во уста!

Рецепт за прекрасни крем-коцки

Потребни состојки:

За бисквитот

  • 2 шолји шеќер
  • 4 јајца
  • 2 ½ шолји брашно
  • 1 шолја млеко
  • ¾ шолји масло
  • 2 ¼ лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка екстракт од ванила

За кремот

  • 2 пудинга од ванила
  • За глазурата
  • 240 грама чоколадо
  • 1 шолја слатка павлака

Приготвување:

Изматете ги шеќерот и јајцата со миксер додека не добиете пенеста смеса, додајте брашно со прашок за печиво, млеко, масло и екстракт од ванила, па сето тоа добро изматете го. Ставете ја смесата во правоаголна тепсија или огноотпорен сад, премачкан со масло, и печете на температура од 175 степени Целзиусови, 30-40 минути.

Кога ќе го извадите бисквитот од рерна, избодете го по цела површина со дршката од лажицата за да направите дупчиња. Згответе го пудингот според упатствата, оставете го да се излади, па прелијте го врз бисквитот и оставете да се лади.

За глазурата, исечкајте чоколадо и ставете го во огноотпорен сад. Загревајте ја павлаката додека не зоврие, прелијте ја врз чоколадото, оставете ја така две минути, па сето тоа енергично мешајте го додека не добиете течна глазура. Веднаш прелијте ја врз колачот и оставете ја да се лади.

Во овој десерт може да ставите и јагоди по желба, помеѓу бисквитот и кремот.

Добар апетит!

Ви предлагаме да ги пробате и овие вкусни крем-коцки со ванила!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.