Крем-коцки: Колач што се топи во уста!

Пробајте!

Кога еднаш ќе ги пробате, нема да можете да престанете да ги јадете

Потребни состојки:

За корите

  • 250 грама путер
  • 250 грама брашно
  • 1 децилитар млеко
  • 50 грама шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • неколку капки бел оцет

За првиот дел од кремот

  • 2 литри полномасно млеко
  • 12 жолчки
  • 200 грама густин
  • 350 грама шеќер
  • 4 кесички ванилин шеќер
  • 1 чашка рум

За вториот дел од кремот

  • 8 децилитри слатка павлака
  • шлаг од ванила
  • 3 кесички инстант желатин
Приготвување:

Изматете го путерот со шеќерот, ванилата и оцетот за да добиете пенеста смеса. Додајте брашно и млеко. Измесете тесто. Оставете го неколку часа во фрижидер за да се зацврсти. Поделете го изладеното тесто на 3 дела и развлечете го на тенки кори што ќе го печете на тепсија на 180-200 степени, помалку од 5 минути. Корите треба да останат светли.

Приготвување на првиот дел од кремот: Загрејте ги сите состојки додека не згуснат, па оставете ги да се изладат.

За вториот дел од кремот: Во изладениот прв дел од кремот, додајте го цврсто изматениот втор дел од кремот потопен со желатин.

Поделете ја смесата на два дела и премачкајте ги корите. Оставете го колачот добро да се излади, најдобро цела вечер. Наросете го со шеќер во прав и послужете го. Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.