Италијанските дистрибутери порачаа: „Не се предаваме!“ (ВИДЕО)
Со песна против коронавирусот
Во екот на епидемијата на коронавирусот, кој пустоши низ Италија, Италијанците не ја губат надежта и доброто расположение и продолжуваат да ги извршуваат своите обврски пеејќи и забавувајќи се.
Пример за ова е снимката на разнесувачи на пакети од Бергамо, еден од градовите што е најпогоден од коронавирусот.
Снабдувачите заштитени со маски и ракавици продолжуваат внимателно да си ја вршат својата работа, додека духот го одржуваат со заедничка песна.
Околу 50 работници во магацинот испеаја песна во која се вели:
Ние сме луѓето кои не се предаваат“, пишува Би-Би-Си.
Видео: Youtube