„Нигде не те наоѓам“ – роденденски подарок од Роберт Билбилов (ВИДЕО)

Нешто навистина супер!

„Мугри без нас, слика без глас, чудно е, ти си дел од мене, а пак си празнина…“, се дел од стиховите од новиот музички рефрен на Роберт Билбилов, кој го носи името „Нигде не те наоѓам“.

По мала пауза, вчера на својот роденден, Роберт Билбилов го промовира видеото заедно со темата на својот јутјуб-канал. Текстот за „Нигде не те наоѓам“ го потпишува Робин Зимбаков, додека, пак, музиката и аранжманот се на самиот Роберт.

Фото: Промо

Пандемијата на коронавирусот ја искористив на некој начин продуктивно, минував доста време во студио, па така се роди ‘Нигде не те наоѓам’, рефрен на кој внимателно работев и за кој сум сигурен дека ќе наиде на позитивни реакции и критики од страна на публиката. Премиерата се случи вчера, на мојот роденден, и е подарок од мене за сите вас, сакав некако да го одбележам на ваков начин и искрено се надевам дека ‘Нигде не те наоѓам’ ќе се најде на вашата музичка плеј -листа ова лето“, порача Билбилов.

Кадрите за видеото се снимени на неколки локации, а зад режисерската палка стои Motion Emotion Film Production.

Фото: Промо

Во спотот се појавува манекенката Ирина Кузевска, а задолжени за изгледот на актерите – протагности во оваа мала музичка филмска приказна на Билбилов беа Даниел Николовски, Викторија Бурсаќ и модниот дизајнер Мите Занов. Во продолжение слушнете ја „Нигде не те наоѓам“ и доколку ви се допаѓа споделете ја на вашите профили на социјалните мрежи и поддржете ја македонската музика!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.