Ивица Јакимовски: „Не смее да се прави компромис со квалитетот во градежништвото“

Интервју за „Економист: Светот во 2020-та“ со генералниот директор на „Голден арт“

Во рамките на годишното издание на престижниот „Економист: Светот во 2020-та година“ разговаравме со генералниот директор на градежната компанија „Голден арт“, господинот Ивица Јакимовски, кој, меѓу другото, ги претстави проектите што треба да ја одбележат годината што доаѓа.

„Голден арт“ е еден од најпрепознатливите брендови во станбеното домување. Гледајќи наназад, како успеавте вашата компанија да ја позиционирате на толку високо ниво на пазарот?

Пред сè, со огромна посветеност и без штедење време и енергија. Имам голема среќа што покрај себе ги имам мојот татко и мојот брат, а и целото семејство, без кои сметам дека како компанија никогаш не би го постигнале овој успех. Заедно сме од самиот почеток и имаме полна контрола на сите процеси на работењето. Сметам дека многу малку фирми од нашиот сектор имаат толку голем фокус на целокупното работење. Не се сомневам дека токму таквата посветеност нè донесе таму каде што сме денес.

Дополнително, во ниту еден момент не сме правеле компромис со квалитетот. Секој објект го градиме како да е прв и со еднаква посветеност како сите претходни. Важно ни е да оставиме домови што ќе траат децении по нивното вселување.

Кои моменти беа најтешки на овој пат?

Имајќи предвид дека секогаш сме работеле со задоволство, реално и не сме имале некои големи тешкотии во самиот процес, затоа што сè се работело со заеднички труд, со максимално вложување, сè со цел да се изгради квалитетно, навреме и сигурно. Не би издвоил ништо конкретно, бидејќи уште пред да почнеме со реализација, поставуваме јасна динамика, до која се држиме без исклучоци, па мислам дека затоа и не сме имале проблеми во реализацијата.

Што е денес „Голден арт“?

Денес „Голден арт“ (Golden Art) е градежна компанија што е препознатлива по квалитетот максималната транспарентност со сегашните и идните купувачи, сè со цел купувачите да знаат што купуваат и во што вложуваат. Прераснавме во хоризонтално интегрално интегрирана градежна компанија што ги има сите капацитети, за разлика од многу компании кај нас. Ги имаме комплетно затворено сите процеси, од идеја до инвестиција и реализација на еден проект, до клуч на рака.

Исто така, имаме одредени критериуми што мора да бидат исполнети пред да почнеме одреден проект. Локацијата треба да исполнува одредени параметри, да биде атрактивна, да гарантира добри услови и поевтино домување.

Каде го гледате фокусот за 2020-та, кои се вашите проекти што треба да ја одбележат годината што доаѓа?

Две илјади и дваесетта е годината што означува 15 години постоење на „Голден арт“ и веќе можеме да се пофалиме со нови објекти, кои се во почетна фаза на реализација и кои треба да почнат со градба во 2020-та, на атрактивни локации во Аеродром, Карпош и во Центар, за да ги задоволиме потребите и на најпребирливите купувачи.

„Голден арт“ е единствената компанија од високоградбата што е активна надвор од нашиот пазар, во Италија. На какви проекти работите таму?

Во Италија ја работиме истата дејност, недвижности. На наше огромно задоволство, можеме да кажеме дека на македонските купувачи им нудиме идентични домови како и на италијанските, истиот систем за градба на „Голден арт“, истиот квалитет на материјали, енергетски ефикасни домови од А-класа, со што гарантираме максимална заштеда при потрошувачката на енергија.

Наша гаранција за квалитет е системот за градба на „Голден арт“ во кој се употребуваат материјали што се веќе етаблирани на светскиот и европскиот пазар и самите работат по систем.

Како да препознаат купувачите квалитетен дом? Тоа е одлука што можеби се носи само еднаш или двапати во животот и не смее да биде погрешна.

Наша препорака за секој купувач, за полесно да избере квалитетен стан, е да размислува дека сè што изгледа бело не е само бело, има многу работи што однадвор не се гледаат. Водовод, електрика, канализација, преградни ѕидови… Сите овие елементи го сочинуваат станот и мора да се внимава на она што е под површината.

Треба да се знае и типот на материјалите што се вградени, но и начинот на кој се вградуваат. Материјалот, иако е квалитетен, ако не се применува по систем, може да има катастрофални последици. Поради тоа ја формиравме едукативната работилница на „Голден арт“, која служи да ги едуцира купувачите за нашите објекти, со цел да знаат целосно што добиваат, бидејќи довербата на купувачите ни е најбитна.

Како да успееме да креираме нови кадри што ќе успееме да ги задржиме во земјата?

Нови кадри единствено може да се создадат ако се вложува во самите кадри, нормално. Исто така, треба да расте платата за конкретниот работник да има интерес да остане да работи, но и да се тежнее да се формира пријатна и безбедна работна средина за секој работник и да се зајакнува довербата работодавец – работник, во која било индустрија.

Текст и фото: ПР, Економист: Светот во 2020-та

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време