Не се гледаат годините на нејзините лице: Еве зошто Џенифер Анистон (50) изгледа како да има 20 години!

Тајната на добрата форма

За неа годините се само бројка

Џенифер Анистон е една од најуспешните актерки во Холивуд која заработува милиони, но сепак, повеќето жени и’ завидуваат поради нејзиниот совршен изглед. Иако наполнила 50 години, таа и понатаму може да застане рамо до рамо со многу помлади девојки.

Стареењето нема моќ во нејзиниот случај. Таа денес изгледа подобро одошто изгледала кога имала 20, а и самата признава дека никогаш не се чувствувала подобро. Посебен режим на исхрана, вежбање и здрав начин на живот – сето тоа заедно дава одлични резултати.

„50-тите години носат доза зрелост и искуство, ова е најдобриот период во мојот живот. Во овие години се чувствувате многу подобро и психички и физички. Досега имам научено што му годи на моето тело. Точно знам што му треба за да изгледа одлично, а јас да бидам полна со енергија. Би сакала овие навики да ги имав усвоено многу порано“, изјавила таа.

Таа нагласила дека треба да се работи трпеливо и напорно.

Тајната на нејзиниот изглед ја открил нејзиниот личен тренер кој вели дека се гледаат резултати на неа затоа што работи со полна пареа и не застанува додека не ја заврши почнатата работа, па затоа не е ни чудно што е толку успешна на сите животни полиња.

Еве кои навики никогаш не ги прескокнува…

Појадокот е задолжителен

Здравиот начин на живот вклучува појадок. Ова е најважниот оброк бидејќи го покренува метаболизмот и затоа важно е да не се прескокнува. На крајот на краиштата, појадокот дава енергетски стимул за целиот ден.

Омилен избор и’ се авокадо и потпечено лепче, јајца, малку сирење или овесна каша со свежо овошје. Ваквиот појадок ќе ви обезбеди доволно енергија за целиот ден.

„Дури и кога сум во брзање не го прескокнувам овој оброк. Порано ја немав оваа рутина. Кога појадокот стана обврска за мене, резултатите веднаш станаа видливи.“

Салата со секој оброк

Финтата како да не се прејадете за време на ручекот или вечерата е со секој оброк да јадете свежа салата. Кој било зеленчук е одличен избор, бидејќи освен што е полн со витамини и минерали, ќе ви го наполни желудникот и нема да се прејадете.

„Кога почнав да го користам овој трик, за еден месец изгубив неколку килограми.“

Јогата и одењето во вежбалница како извор на енергија и добро расположение

Напорната работа се гледа на нејзиното тело. Таа е редовна на тренинзите и дава се’ од себе во вежбалницата. Ужива во кардио-тренинзи, но и во релаксирачка јога, на која оди минимум 3 пати неделно.

„Кога ќе влезете во рутина, вежбањето станува забава и уживање.“

Угодете си

Секој од нас заслужува да си угоди. Почестете со нешто во што навистина уживате еднаш неделно, без разлика дали е тоа одење во спа центар или чоколадо. Џенифер признава дека е многу дисциплинирана, но и дека не си го скратува задоволството од уживањето во чоколадо, кога ќе почувствува потреба за тоа.

Маска за лице како клуч за младоликост

Откако ќе се погрижи за телото, време е за нега на кожата. Нејзината тајна е во редовното одење на козметичар и правилна нега.

„Никогаш не сум отишла во кревет, без претходно да ја извадам шминката. Мислам дека тоа е многу важно. Лицето го негувам со хранливи кремови. Заблуда е тоа дека тие мора да бидат скапи, напротив.“

Она во кое посебно ужива се маските за лице.

„Си варам чај, ставам маска на лице и уживам дваесетина минути секоја недела.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.