Кои ќе бидат новите трендови во 2020?

Хаосот е новото „нормално“

Во 2020 ќе ни треба повеќе гушкање, чист воздух и домашни миленичиња

„Дали некоја генерација се чувствувала толку збунето и нервозно околу тоа што доаѓа? Гледајќи ја историјата наназад, можеме само да замислиме каква неизвесност донесе индустриската револуција или двете светски војни. Но денешниот хаос е многу попродорен, како да е насекаде. Можеби е така затоа што имаме работа со зголемување на веројатноста дека сме ја осудиле нашата планета на пропаст. Или пак, можаби затоа што информациите за сето она што се случува во светот се лесно достапни“, вели Мариан Салцман, една од најпознатите „трендсетерки“ во светот и жена на која ѝ се припишува дека прва во јавноста го етаблираше поимот метросексуалец.

Салцман во својот текст Хаосот е новото „нормално“  носи преглед на тоа што, според нејзино мислење, ќе бидат трендови во 2020 година.

Чистиот воздух како луксуз

Привилегија е да се има чист воздух повеќе од кога било. Иако многу држави спроведуваат различни мерки за да можат колку-толку да ги држат под контрола нивото на штетните  состојки во воздухот, глобалните климатски промени нè предупредуваат со колку негрижа се однесуваме кон животната средина. Токму поради тоа, тврди Салцман, животот во места каде воздухот е чист ќе се смета за луксуз за многумина од нас, а иронијата да биде поголема, заштитните маски за лице ќе станат неопходен додаток за луѓето кои живеат во светските метрополи.

Терапија со куќни миленичиња

Љубовта кон домашни миленичиња не е ништо ново, но ново е она што го очекуваме од нив. Докажано е дека чувањето домашно милениче поволно влијае на нашето расположение, го намалува крвниот притисок и ја успорува работата на срцето. Се покажа дека физичкиот контакт во комбинација со безгранична љубов претставува добитна комбинација за подобрување на нашата психофизичка состојба. Затоа и не е чудно дека токму терапијата со животни ќе биде еден од доминантните трендови годинава.

Физички контакт

Во време кога комуникацијата со помош на технологијата и различните апликации е значително олеснета, ние сè повеќе се чувствуваме отуѓени едни од други.

Дигиталната поврзаност ни донесе емоционална и физичка раздвоеност, па поради својата природа, луѓето сепак ќе тежнеат да остварат физички контакт кога, каде и колку што ќе можат повеќе. Терапија со прегратки е еден од најочигледните примери, па веќе не е чудно да видиме дека дури и спортските противници на крајот на натпреварот задолжително се гушкаат. Меѓутоа, Салцман во својот текст наведува дека потребата за допир еволуирала до таа мерка што во Јапонија, на пример, е воведена нова терапија со прегратки наречена – Отономаки.

Дрвјата се шик

Во услови на подигање на алармантноста за загадувањето на воздухот, градовите се натпреваруваат и соработуваат во тоа да бидат што позелени.  Колку повеќе дрвја, толку подобро, затоа што тие освен што изгледаат добро, обезбедуваат и цела низа придобивки. Тие прават сенка, помагаат да се неутрализираат ефектите од топлината на загреаниот асфалт и помагаат да се филтрира загадувањето на воздухот. Тие ја зголемуваат среќата, го намалуваат стресот и ги охрабруваат жителите на градовите да излезат надвор. Во некои делови на светот, урбаните дрвја раѓаат овошје и други плодови што локалното население може да ги користи или продава.

Салцман дава примери дека Париз има планови за градење на урбани паркови околу четири историски места. Сеул неодамна инвестираше во повеќе од 2.000 градини и урбани паркови. Мелбурн планира да покрие со дрвја повеќе од 40% од градот до 2040, додека Њујорк засадува 1 милион дрвја, мапирајќи ги местата каде има најголема потреба за нив.

Како се чувствувам денес?

Еден од трендовите во 2020 година е и употребата на дигитални часовници и паметни телефони со цел проверка на општата состојба – од бројот на отчукувања на срцето и бројот на направени чекори и поминати километри пеш или во автомобил, до исполнување на одредени фитнес задачи.

Многумина ќе кажат дека машините завладеале со луѓето. Меѓутоа, факт е дека индустријата на уреди кои овозможуваат пратење на нашите витални функции ќе расте заради потребата на поединците да преземат контрола над своите животи и да видат конкретни, опипливи докази за своето напредување во поглед на визчката активност. И сè додека овие додатоци работат со оваа цел, трендот на пратење на сопствените резултати ќе продолжи да расте.

Мариан Салцман од 2018 година е потпретседател и раководител  на Одделот за комуникации во глобалниот тутунски гигант Филип Морис Интернешнал, компанија која препозна уште еден тренд кој ќе ја означи деценијата пред нас. Тоа е трендот на развој на алтернативи на пушењето за да може цигарите трајно да се заменат со подобри, помалку штетни алтернативи врз база на научни докази. Салцман во својот текст вели: „На луѓето ширум светот им велиме дека најдобриот избор е едноставен: Ако не пушите, не почнувајте. Ако пушите, престанете. Ако не престанете, преминете кон помалку штетна алтернатива”.

Во случајот на Филип Морис, лидер за развој на алтернативни производи на пушењето, односно лидер во иновацијата е IQOS, уред кој го загрева а не го гори тутунот, и на тој начин го елиминира чадот и ослободува околу 95% помалку штетни состојки, притоа овозможувајќи го потребното и бараното искуство на возрасните пушачи кои не можат или не сакаат да се откажат од пушење. Притоа, IQOS е прв, но не и единствен производ од портфолиото на производи со намален ризик на PMI.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.