Што значи кога на Митровден врне дожд? Нашите стари верувале дека на овој ден може да се открие иднината

Дознајте

Македонската православна црква и верниците денес слават Митровден – празник што многумина го обележуваат како крсна слава или именден

Денес, на 8. ноември, православната црква и нејзините верници го прославуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Димитриј, народно попознат како Митровден.

Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат мноштво народни обичаи. Еден од нив е и претскажувањето според времето – ако денес врне и студи, нè очекува долга и ладна зима со многу снег.

Исто така, постои верување дека на овој празник, исто како и на Божиќ, би требало да бидете дома, освен ако не сте поканети на слава. Оттука и старото верување дека ако ноќта на Митровден ја поминете надвор од дома, цела година ќе спиете надвор од дома и ќе скитате по туѓи куќи.

Кој бил Свети Димитриј?

Митровден му е посветен на античкиот командант од Солун од третиот век, измачуван и погубен поради тоа што го ширел христијанството. Свети Димитриј бил почитуван како еден од најважните православни војници меѓу светителите. Сите православни христијани и верници го слават овој великомаченик, верувајќи во неговите исцелителски моќи.

Избоден со копје среде молитва

Православните написи наведуваат дека бил роден во Солун во третиот век од нашата ера, за време на краткотрајното владеење на единствениот варварски римски цар Максимин Трак. Неговите родители биле благородни и долго не можеле да имаат деца. Бил син единец.

Димитриј ја наследил војводската титула по смртта на татко му, а со оглед на тоа што бил воспитуван во христијански дух, тој го проповедал христијанството, наместо да го истребува по заповед на Максимин. Царот кога дознал дека намесникот Димитриј е христијанин и дека многумина ги вовел во христијанството, наместо да ги одврати од него, наредил прво да го затворат, а потоа и да го избодат со копје среде молитва.

Солунските христијани го погребале тајно. Подоцна, благородникот Леонтиј од Илирија, кој бил излекуван од тешка болест над гробот на овој маченик, во знак на благодарност му подигнал црква. При ископувањето на темелите на црквата, биле пронајдени моштите на Свети великомаченик Димитриј. Бил прогласен за светец и заштитник на градот Солун.

Мошти во Солун

Моштите речиси осум века биле во Италија, во градот Сан Лоренцо, но по барање на Грција, поголемиот дел од нив биле вратени во Солун во 1978. Неговите мошти и денес се наоѓаат во црквата Свети Димитриј во Солун.

Што треба да направите со славската свеќа после слава: Само ова е правилно!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.