Пресметајте ја идеалната висина на потпетици: Во нив нозете нема да ве болат

Моден совет

Овој трик ќе ви помогне да ги пронајдете вистинските потпетици.

Сигурни сме дека имате барем еден пар чевли (ако не и повеќе) во вашата колекција што изгледаат фантастично, но се мачни за носење. На крајот на краиштата, иако некои мажи често се прашуваат зошто жените си го прават тоа, т.е. зошто се измачуваат со вртоглави потпетици, факт е дека кога носиме штикли, сè одеднаш изгледа подобро – нашата гардероба подобро ни стои, се чувствуваме посекси и посензуално, нозете ни се позатегнати, па дури и целулитот е исто така помалку видлив.

Секако, тоа не значи дека по секоја цена треба да носите чевли со потпетици кои ќе ви ги направат стапалата болни и повредени. Всушност, за секого постои идеална висина на потпетица која ќе ви даде доволно самодоверба, се разбира, без да ги повредите стапалата, а за да ја добиете точната висина која најмногу ви одговара, потребна ви е парче хартија и мерна лента или линијар.

Имено, големината на вашето стапало всушност го крие одговорот за идеалната висина на потпетиците. Се што е потребно е да ги соблечете чевлите и да ја ставите ногата на хартијата и да го означите почетокот и крајот со молив. Потоа измерете ја должината и поделете ја со 7. И останува уште еден чекор, а тоа е да го помножите резултатот со должина од еден инч, односно за 2,54 см и ќе ја добиете највисоката идеална висина на потпетица.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.