Четири грешки кои ги правиме со собните цвеќиња: Ова им пречи за да расцветаат

Совет

Вообичаените грешки кои луѓето ги прават со куќните цвеќиња и го пореметуваат нивниот раст.

Куќното цвеќе е одличен додаток во нашиот дом, можат да донесат чувство на смиреност, но и позитивно да влијаат на ентериерот. Грешките кои ненамерно ги правиме можат да доведат до грешки кои понатаму ги спречуваат цвеќињата да цветаат.

Грешки при негување на цвеќињата

Погрешно осветлување

Кога цвеќето нема доволно светла, тоа е подложно на други проблеми, вклучувајќи напади од штетници и болести. Кога купувате ново цвеќе добро информирајте се за тоа каква светлина му е потребно.

Места на кои има промаја

Доколку цвеќето го поставите покрај некое место на кое изворите се толина или разладување исто така можат да настанат проблеми. Затоа е важно да бидеме свесни за тоа каде се наоѓаат ваквите места во нашиот дом. Излегувањето на топла или ладна промаја може да доведе до тоа листовите да пожолтат, да станат кафени или прерано да паднат.

Менување на локација

Понекогаш со желба цвеќето да процвета му го менуваме местото во куќата. Ова може да биде проблем за нашето цвеќе бидејќи веќе се има навикнато на моменталното место. Пред да одлучите да го промените местото, погледнете ги условите на другата локација на која сакате да го поставите и колку се слични.

Пречесто пресадување

Кога е во прашање пресадувањето, навистина е важно да знаете да го правите тоа во вистинско врме и само кога е вашето цвеќе подготвено. Еден од начините е да се утврди дали се подготвени корените да растат со дренажни дупки на дното на садот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.