Целосното затемнување на месечината посебно ќе влијае врз овие хороскопски знаци

Астро влијанија

Со едноставни зборови, крвавата месечина е второ име за целосно затемнување на месечината. За време на затемнувањето на месечината, Земјата минува помеѓу сонцето и месечината, блокирајќи ги сончевите зраци.

Овие хороскопски знаци најмногу ќе го почувствуваат затемнувањето на месечината:

ЛАВ

Дали се чувствувате немирно во вашата кариера во последно време? Дали сте ја надминале вашата моментална позиција и се чувствувате подготвени за нешто ново? Затемнувањето на месечината што се случува во вашата 10-та куќа на кариерата може да ве наведе да пробате нешто сосема друго на работа. Може дури и да се изненадите со промена на кариера, прифаќање унапредување или напуштање на вашата работа. Што и да се случи, тоа ќе ја отвори вратата за уште повеќе можности во иднина. Универзумот едноставно ве приближува до видот на кариерата што секогаш требало да ја имате.

СКОРПИЈА

Дали постои личност во вашиот живот што во последно време многу ви е на ум? Оваа личност може да биде ваш партнер, најдобар пријател, деловен партнер или дури и ваш најголем непријател. Кој и да е, ова затемнување ве поттикнува да растете во односот со таа личност. Меѓутоа, наместо голема промена во одредена врска, може да откриете дека вашиот поглед на односите е целосно променет. Што можете да направите за да го подобрите нивото на хармонија што го споделувате со другите?

ВОДОЛИЈА

Јвувајќи се во вашата четврта куќа на мајката, домот и семејството, ова затемнување ве поттикнува да го средите домот, да ги доведете односите во ред со роднините и да негувате врска со вашите корени и предци. Се разбира, домот не е секогаш физичко место, туку состојба на умот. И во вашиот живот, луѓето, местата и работите што прават да се чувствувате како дома веројатно ќе се променат. Што ви е потребно за да се чувствувате како да припаѓате? Дали моментално уживате во емоционалната и физичката безбедност на вашиот дом? Ова затемнување ќе ве поттикне да го подобрите односот со домот на кој било начин.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.