Стриптизетите имаат неверојатен трик со којшто парфемот им трае цел ден: Како не сме го знаеле ова?!

Едноставен трик

Овој трик е многу едноставен и ефикасен – ќе заборавите на скапите парфеми

Парфемите на многумина им се опсесија и речиси и да не постои човек кој не ги користи секојдневно, меѓутоа секогаш сме во потрага по оние што траат и со кои гарантирано ќе мирисаме цел ден.

Поскапите парфеми честопати не се гаранција и дека ќе бидат долготрајни, но со вистинските трикови, дури и најевтините подолго ќе се задржат на кожата. Основно правило е парфемот да се нанесува на посебни точки, на кои е изразен пулсот.

Исто така, постои трик кој вклучува нанесување вазелин на истите тие точки, па дури потоа да се стави парфем.

Девојка по име Мариса Кристин на ТикТок споделила трик кој ѝ помага нејзиниот парфем да дојде до израз, а го дознала од професионални стриптизети со кои татко ѝ често се дружел.

@marissachristineeeI’ve also taught this to every friend i’ve ever had and they all say how life changing it is 😂 hope this makes you smell like a goddess 🫶

♬ original sound – Marissa Christine

Таа открива дека по туширањето телото треба да се намачка со лосион додека порите се сè уште отворено. По нанесувањето лосион, попрскајте се со парфем, а потоа повторно нанесете лосион и на тој начин ќе го „заробите“ мирисот. Уште еднаш напрскајте се со парфем. Внимавајте лосионот и парфемот да имаат слични мирисни ноти.

Нејзиното видео брзо стана вирално, додека други девојки ги споделиле своите искуства со овој трик во коментари, тврдејќи дека е многу ефикасен.

Оставете мирисен потпис: 6 места на телото на кои парфемот ќе ви се задржи подолго
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.