Рибите стануваат пирани, Терезијата казнува со тишина: Вака се одмаздуваат хороскопските знаци!

Немојте да им згрешите

Ранетиот Овен е можеби најопасната личност со која може да се соочите.

Стрелец жали и ќе се смилува

За претставниците на овој знак е полесно да живеат без одмазда и без да се вратат назад. Стрелецот не мрази, тој повеќе се смилува. Сепак, нивниот непријател ќе мора да работи напорно за да ги врати. Ако продолжи со старото однесување, ќе ја разбуди одмаздливата природа на Стрелецот, кој потоа брзо и многу болно удира.

Јарецот одмаздата ја сервира студена

Доколку се решат за одмазда, ќе го спроведат според сите правила, полека, методично, со минимални емоции. Како што доаѓа времето на дејствување, чувството на омраза полека се намалува, а горчината и чувството на отуѓување остануваат во Јарецот. Потоа тие се претвораат во моќни непријатели, потполно сигурни во она што го прават – вие сте виновни и сега ќе платите. Тие се одмаздуваат мирно, практично грациозно и се издигнуваат над ситуацијата. Тие простуваат крајно тешко.

Водолијата ретко се одмаздува

Наместо одмазда, Водолија емотивно се дистанцира од конфликтни ситуации. Тие го дистанцираат проблемот од себе за тој да не влијае на другите аспекти од нивниот живот. И тие го прават тоа одлично. Тие ретко се одлучуваат за одмазда, и ако го сторат тоа, тие делуваат како деца.

Рибите се претвораат во пирани

Иако е тешко да се замисли, нежните Риби лесно можат да се претворат во пирани, доколку се толку повредени што на крајот ќе се решат да се одмаздат. Нивното разочарување може да биде толку силно што ќе почнат да размислуваат за целосно луди сценарија во главите, замислувајќи го целосниот колапс на непријателот, дури и неговата смрт. Нивната тактика е да ги омаловажуваат и исмеваат оние што ги повредиле. Нивната одмазда не е логична, но во основа е емотивна.

Прочитајте и: Компликатор, педантерија и злопамтило: Овој хороскопски знак најмногу ги нервира сите други знаци!

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.