Компликатор, педантерија и злопамтило: Овој хороскопски знак најмногу ги нервира сите други знаци!

Го сметаат за иритантен

Знаете ли кој хороскопски знак ја носи титулата „најнапорен“?

Тоа е – Девицата!

Девиците важат за педантни, темелни и честопати комплицирани личности…

Иако и другите знаци имаат особини што на многумина не им се по волја, изгледа дека потребата на Девицата да ги искомплицира и наједноставните работи на светот ги има надминато сите недостатоци на преостанатите хороскопски знаци. Речиси и да не постои човек кој нема да искоментира за Девиците дека никогаш не сретнале покомплицирана личност или дека е тешко да се соработува со нив.

Девиците се многу аналитични, толку што тоа се граничи со секое претерување, а пред да донесат одлука, мораат да бидат запознаени и со најситните детали.

Непопустливи се, критични, слабо толерантни и премногу се грижат речиси за секоја ситница. Се покажало дека токму тие особини се оние што преостанатите хороскопски знаци ги сметаат за иритантни и неподносливи, па честопати знаат да кажат за Девиците дека се „напорни“.

Познати се како педантерии кои сакаат сè да биде во совршен ред и единствено така како што тие си замислиле, бидејќи сè што отстапува од нивната визија за работите е неприфатливо.

А ако се случи да им се замерите на некој начин или да им направите нешто лошо, бидете сигурни дека никогаш нема да го заборават тоа и ќе ја искористат секоја прилика за да ве потсетат на тоа што сте им го направиле. Па така, ни простувањето не им е силна страна…

Добиваат сè што ќе посакаат: Овие хороскопски знаци имаат најмногу среќа во животот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време