Том Хенкс за искуството со коронавирусот: „Се чувствував како коските да ми се бисквити што пукаат при секој мој чекор“

Болките во телотому биле големи

Том Хенкс и Рита Вилсон беа првите холивудски ѕвезди што јавно објавија на 13 март дека имаат ковид-19.

Сопружниците објавија дека се заразиле додека снимале филм во Австралија, каде што беа хоспитализирани една недела, а потоа отидоа во самоизолација во куќа во Австралија пред да се вратат во САД.

 

Неодамна, оскаровецот беше гостин во емисијата „Доцното шоу со Стивен Колберт“ по повод промоцијата на новиот филм „Greyhound“, а водителот беше заинтересиран дали тој и неговата сопруга биле шокирани кога ги добиле резултатите од тестирањето на ковид-19.

Да, не знаевме како и кога го собравме вирусот“, одговори Хенкс, кој исто така откри дека тие имале различни симптоми.

Таа имаше повисока температура од мене и повеќе кашлаше и имаше гадење. Го изгуби и сетилото за мирис и вкус, а јас не“, откри актерот, и додаде:

 

View this post on Instagram

 

Plasmatic on 3! 1,2,3 PLASMATIC! Hanx

A post shared by Tom Hanks (@tomhanks) on

Се чувствував како моите коски да се направени од бисквити. Кога одев, имав чувство дека секоја коска во моето тело пука… Како кога вашиот постар брат те тепа, а ти никако не можеш да го спречиш. Беше болно“, искрен беше Хенкс, кој додаде дека задникот исто така многу го болел и дека не седел многу заради тоа..

По закрепнувањето, Хенкс и Вилсон продолжија да ја одржуваат дистанцата и да носат маски, а ја донираа својата крв за да помогнат во пронаоѓањето лек за коронавирусот.

Во моментот, брачната двојка е на одмор во Грција, од што потекнува Рита, а чиј државјанин стана и самиот актер.

Фото: Инстаграм

Видео: Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.