Последната супермесечина во 2022 година пристигнува на 11 август: Овие 4 хороскопски знаци ќе доживеат најважни промени

Полна месечина

Дури и оние што не веруваат многу во астрологија, сакаат да знаат кога е полна, а кога млада месечина, па затоа редовно го следат месечевиот календар

Се наоѓаме во екот на сезоната на Лавот и на врвот на летото, што значи дека сонцето зазема централно место.

На 11 август оваа година, полната месечина ќе има свој момент кога ќе го „украде“ сонцето и ќе премине во силно чувство на независност. Оваа луминација, исто така, ќе биде последната супермесечина во годината, така што ќе изгледа дури и поголема од просечната полна месечина, поради својата близина до Земјата.

Овој лунарен момент подготвува големи промени, па можеби ќе сакате да знаете како ќе влијае полната месечина во август 2022 врз вашиот хороскопски знак.

Оваа иновативна лунарна енергија нè инспирира да излеземе од нашето вообичаено секојдневје и да ја ослободиме нашата душа од емоционалните окови кои нè спречуваат да бидеме тоа што сме.

Еве кои знаци ги очекуваат најважни промени…

Бик

Искористете ја оваа мена да направите пауза, да размислите и да се приспособите на препреките што неодамна се појавиле во вашиот живот. Ова ќе биде добредојдено забавување, особено по сознанието дека ве очекуваат многу фрустрации и динамично темпо на работа.

Лав

Оваа полна месечина особено ќе го погоди вашето поле на односи, па можете да очекувате турбулентни моменти, барем додека ја разбистрите главата и си го отворите срцето. Ве очекува дилема помеѓу она што ви го порачува разумот и она што ви го порачува срцето. Оставете верни на своите потреби и желби и обидете се да пронајдете компромисно решение. Тоа секогаш постои, дури и кога не го гледаме баш најјасно.

Скорпија

Извесно е тоа што во себе ќе почувствувате борба помеѓу мекиот, емоционален дел од вашето битие и оној што има потреба да се заштити. Исто така, овој период ќе ги обои вашите сериозни намери, односно потезите што би можеле да го засегаат целиот ваш живот. Тоа може да биде купување или најмување животен простор или обновување/ревидирање на односите со некој многу близок во рамките на семејството – родителите, браќата, сестрите… Исто така, ова може да се однесува и на потенцијално преминување во заеднички простор со емоционалниот партнер, односно напуштање на родителскиот дом.

Водолија

Ова ќе биде многу интензивен период за Водолиите, во кој ќе добијат сила да ги прифатат сите свои ексцентричности и да без срам да му ги покажат на светот во иднина. Бидете слободни да се однесувате неконвенционални и да се отворате емоционално. Иако ќе бидете многу сериозни, тоа не значи дека ќе се чувствувате лошо – токму спротивното. Ќе ве следи чувство дека сè е правилно и токму така како што треба да биде.

Неочекувано голем прилив на пари за ОВИЕ три хороскопски знаци до 13 август!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.