Урнебесни фотки од летувањето на брачната двојка Макрон: Емануел си игра на вода како дете, додека Брижит е непрепознатлива!

Брижит е незабележлива

Одлучиле да ги наполнат батериите за новите деловни подвизи на необичен начин

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, и неговата сопруга Брижит уживаат во местото Бормес-лес-Мимозас, каде што се наоѓа службената летна резиденција Бреганкон уште од 1968 година и, се чини, ништо друго освен тоа. Така, брачната двојка Макрон мислела дека ќе има целосна приватност за да можат да се одморат од напорната година и претседателските избори.

Меѓутоа, папараците биле упорни и иако добро се измачиле, направиле ексклузивни фотографии од првиот човек на Франција! Имено, Емануел бил уловен во миговите на релаксација, додека возел скутер, кои светската јавноста нема чести можности да ги види.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @e.macron.2022


Од фотографиите може да се заклучи дека тој обожава водени спортови, но и дека сака да се сонча, па веќе добил потемнет тен. Меѓутоа, Брижит Макрон изгледа не е љубителка на морските активности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Em soutien ♡ (@emsoutien)


Овие фотографии несомнено привлекоа големо внимание на Инстаграм и Твитер, а на публиката особено ѝ бил забавен изразот на лицето на францускиот претседател, со насмевка од уво до уво. Од друга страна, многу дами се изненадиле од мускулите на првиот човек на Франција. Особено ги фалеле неговите извајани бицепси и челичното торзо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @e.macron.2022

И неговата 24-години постара сопруга може да се пофали со неверојатно вити и затегнати нозе. Овој пат папараците не успеале да ја фотографираат во костим за капење, но затоа покажала феноменален стајлинг за на плажа – бела широка кошула и кратко маслинестозелено здолниште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Em soutien ♡ (@emsoutien)

Се гледа и како изгледа Брижит без шминка и беспрекорно средена фризура, со очила за сонце. Како ви се допаѓа?

Брачната двојка Макрон, иако со години е во врска, не ги запоставува романтичните мигови. Францускиот претседател не се одвојувал од својата сопруга, која нежно ја допирал и милувал додека ја држел за рака, што ги воодушевило многубројните корисници на социјалните мрежи.

Бизарна приказна што ја шокира јавноста, избришано видео и тужба: Зошто се шушка дека Брижит Макрон го променила полот?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.