Тајната откриена: Како Италијаните јадат толку паста, а не качуваат килограми?

Храна

Елена Дејвис е родена во Сардинија, а на својот Инстаграм профил ни дели рецепти, совети и сите останати тајни од италијанската кујна.

Имено, таа на својот профил има 68.000 следбеници и како што кажува: „ја дели Италија со нас“, па овој пат ни ја открива најголемата италијанска тајна – како јадат толку паста, а не накачуваат килограми? И ќе се изненадите кога ќе ги слушнете причините.

Она на овој профил закачи видео, а под него ни објасни кои се тие:

„Секој Италијанец во просек јаде тестенини околу три, четири пати неделно“, нагласува Елена.

Како Италијаните можат да јадат толку тестенини, а да не се здебелуваат? Еве неколку причини:

Големината на порцијата

Големината на порцијата во италијанските ресторани се околу половина или една третина од она што се сервира во Америка. Бидејќи тестенината е примо (прво јадење), обично не се послужува друга чинија, затоа што генерално после тоа доаѓа месото/рибата/зеленчук/салата.

Ал Денте зготвената тестенина има ниски гликемиски индекс

Што подолго ја готвите тестенината, таа станува помалку густа и поголем е порастот на гликемиските оптеретувања откако ќе ги изедете. Ете уште една причина зошто да готвите Ал денте!

Јадете медеитеранска храна со теститенините

Тестенините обично ги служиме со големо количество на зеленчук, дополнително грав и протеини, ароматизовано со маслиново масло, билки и зачини, плус малку овошје за десерт. Сосовите во Италија се многу лесни и направени од здрави состојки.

Одете на прошетка

Италијаните имаат прекрасна традиција, “fare una passeggiata” (прошетајте), која обично ја прават пред или после вечерата.

Италијанската тестенина е направена од пченица без ГМО

Како и низ погоглемиот дел на Европа, Италија избегнува садење на генетски модифицирана (ГМО) пченица. ГМО пченицата е генетски модифицирана за да се зголеми количеството на глутенот.

И на крај, уживајте во тестенината умерено и останете среќни, порача Елена.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.