Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат пекол до крајот на месецот: Само ќе им излегуваат проблеми, а некои ќе добијат и барање за РАЗВОД

Тежок период

Овие 3 хороскопски знаци ќе бидат несреќни до крајот на март 2023 година, бидејќи ќе им се случуваат многу проблеми

Има уште неколку дена до крајот на март. Овој период ќе биде особено тежок на емотивен план за некои знаци. Постои можност и да се разведат.

Јарец

Први на удар ќе бидат Јарците поради позицијата на Марс, кој од 25 март преминува во знакот Рак, односно минува низ нивното седмо поле, полето на брачните и партнерските односи. Марс во Рак е многу незгодна позиција, бидејќи Марс тука не е стабилен и покренува големи емотивни конфликти, особено кога станува збор за машко-женските односи.

Јарците би требало да внимаваат за тоа како ќе разговараат со својот партнер. Енергијата на Марс може да биде многу агресивна кога станува збор за начинот на комуникација, што може да предизвика многу тешки последици за емотивните односи.

Рак

Ова е неповолен емотивен период и за самите Ракови, бидејќи Марс во овој пречувствителен знак ќе ја поттикне потребата да се разбрануваат емоциите и да се вратат проблемите од минатото. Совет за жените родени во знакот Рак: најважно е да останете доследни на своите ставови и да не избувнувате и за најмала ситница во односот со партнерот. Сѐ може да се реши со мирен разговор.

Овен

Марс во Рак минува низ нивното поле на семејството и им создава чувство на напнатост и нервоза што не можат да го совладаат. Ова најмногу се однесува на женските припадници на овој знак, бидејќи енергијата на Марс се одразува преку женски знак. Може да се активираат проблеми од пред неколку месеци кои воопшто не се едноставни, а ги засегаат односите со децата или роднините. Во таа смисла, многу Овни ќе посакаат да експлодираат поради чувството на неправда.

ОВИЕ хороскопски знаци најбргу се заљубуваат: Тие се вистински романтичари!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.