ОВА се знаците од зодијакот кои буквално СИТЕ ги нервираат!

Иритираат со однесувањето

Овен

Брзи се и многу тврдоглави и прават се, не размислувајќи за последиците. Себични се, незрели и комплетно несвесни за се околу себе, кога се во потрага по она што го сакаат.

Бик

Биковите се бавни, тврдоглави, мрзеливи и големи материјалисти. Знаат да бидат и алчни а најсреќни би биле кога би можеле да се затворат и да бројат пари по цел ден. Сакаат и на другите да им зборуваат да си го живеат својот живот, а било што духовно или нематеријално за нив е сосема неразбирливо и неинтересно.

Близнаци

Би можеле со часови да зборуваат и паметуваат за работи кои навистина немаат поим. Површни се и често ги менуваат интересите.

Рак

Ако не сакате преосетливи луѓе кои се склони од мува да направат слон – избегнувајте ги Раковите. Тие се најголемите плачковци во хороскопот со кои постојно треба да бидете внимателни за да не им ги повредите чувствата. Постојано себеси се гледаат како жртви, притоа не водејќи сметка за луѓето околу себе.

Лав

Јас, јас и само јас, – накратко може да се окарактеризира карактерот на Лав. Постојано бараат внимание и пофалби а често се арогантни и се преценуваат.

Девица

Девиците сакаат да биде сè токму онака како што тие си замислиле, а ако нешто направите лошо или на поинаков начин од нивните инструкции – тоа никогаш нема да ви го заборават и ќе слушате за тоа уште многу долго, долго време.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.