Омлет со тиквички – може и за ручек!

Нема ни да почувствувате дека сте готвеле ручек бидејќи за кратко време ќе добиете супервкусен и хранлив оброк за целото семејство.

Состојки:
2 тиквички
5 јајца
1 врска млад кромид
1/2 китка магдонос
1/2 лажиче босилек, свежо сечкан
сол и бибер по вкус
1 лажица масло
лута пиперка по вкус
80 г сланина во ливчиња

Приготвување:

Измијте ги тиквичките и изрендајте ги заедно со кората, посолете малку и добро исцедете ги од вишокот вода. Ситно исечкајте ги сите билни зачини како и пиперките, ако сакате, може и лути.

Во сад се ставаат јајцата, се матат малку со виљушка, се додаваат исцедените тиквички, свежо сечканите зачини, сечканата лута пиперка, се додава бибер и сол и се’ убаво се меша.

Во поголема тава ставете масло и загрејте го ниска температура, па прво испржете ги листовите сланина за да станат крцкави. Извадете ја готовата сланина и ставете ја настрана.

Во тавата ставете ја смесата со јајца. Пржете го омлетот, па со лопатка проверете дали е печен одоздола, и со помош на шпатула превртете го и малку пропржете го од другата страна. Одозгора наредете ја пржената сланина.

Готовиот омлет ставете го на чинија и послужете го со попечен стар леб, сирење и зелена салата или домат.

ФОТО: Shutterstock

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.