Не влегувајте во брак со некој од овие 5 хороскопски знаци!

Големи шанси за развод

Доколку и вие спаѓате во некој од следниве 5 знаци, добро размислете пред да одлучите дали ќе стапите во брак, затоа што имате поголеми шанси за развод од другите, велат астролозите

Близнаци

Превртливите Близнаци еден ден сакаат едно, а друг ден нешто целосно поразлично, па со причина се наоѓаат на оваа листа поради тоа што со нив никогаш не се знае ништо сигурно. Тие сакаат да ги идеализираат нивните партнери, па лесно може да се разочараат во нив.

Водолија

Ја сакаат својата независност и најдобро се чувствуваат кога се сами – тие се најосамениот знак во зодијакот. Доколку не се чувствуваат удобно во врската или пак бракот, големи се шансите да стават крај на тоа поради тоа што слободата им е на прво место.

Фото: Pexels

Јарец

За разлика од Близнаците и Водолиите, Јарците вообичаено не се тие кои бараат развод, туку најчесто тоа го прават нивните партнери. Имено, луѓето родени во овој хороскопски знак се трудат да ги импресионираат своите партнери додека не го добијат тоа што го сакаат.

Стрелец

Стрелците обожуваат да флертуваат и не можат да се воздржат од него дури и кога се во брак, што секако дека на нивните партнери тоа не им се допаѓа. Ретки се оние луѓе кои можат да издржат да бидат во брак со типични претставници на овој хороскопски знак.

Скорпија

Исто како и Стрелците, и Скорпиите не ја пропуштаат шансата да флертуваат, а исто така тие се склони кон изневерување на своите партнери. Покрај тоа тие се љубоморни и посесивни во бракот или врската, а тоа ретко кој може да го трпи.

Фото: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.