Тончи Хуљиќ се огласи по веста дека неговата ќерка е во врска со Петар Грашо!

Фото: Инстаграм

Хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ се огласи по веста дека неговата ќерка запловила во врска со 14-години повозрасниот Петар Грашо.

Тој го изнесе својот став, како и ставот на неговата сопруга.

Разбирлив ми е интересот на медиумите и јавноста за врската помеѓу Петар и Хана, но јас никогаш до сега јавно не сум се огласувал на теми поврзани со приватниот живот на моето семејство и на луѓето со кои работам. Сличен став имаат и Петар и Хана кога станува збор за нивниот приватен живот, а покрај тоа Петар е и наш голем пријател. Ако се тие среќни, а гледам дека се, тогаш сме среќни и јас и мојата сопруга.“

Инаку, Петар и Хана во 2016 година го снимија дуетот „Срце без водач“, за кој музиката ја напиша Тончи, а текстот е на нејзината мајка. Наводно Хуљиќ бил против таа соработка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.