Месечен хороскоп за МАРТ 2020 година

Што ве очекува на работен, љубовен и здравствен план

ДЕВИЦА

24.8. – 23.9.

Останувате осамени во намерата да ја освежите својата врска – партнерот нема да биде расположен за промени. Правилно ги поставивте работите во февруари и сега имате контрола над работата. Проверете го притисокот.

ТЕРЕЗИЈА

24.9. – 23.10.

Партнерот ќе биде приврзан за вас поради позитивната енергија со која го привлекувате, па можно е да се одлучи на чекор повеќе. При донесувањето важни одлуки, останете при својот став. Престојувајте на свеж воздух.

СКОРПИЈА

24.10. – 22.11.

Потрудете се да ја разгорите страста, која има тенденција да опаѓа, а е суштински двигател на вашата врска. Ви недостига енергија за работа, но, за среќа, вашата намалена продуктивност ќе остане незабележана. Можна е несоница.

СТРЕЛЕЦ

23.11. – 21.12.

Искрено ќе уживате во миговите поминати со партнерот и конечно ќе сфатите колку си значите еден на друг. Вашите амбиции ќе бидат поголеми од можностите што ќе ви се укажат во овој месец. Не одложувајте го гинеколошкиот преглед.

ЈАРЕЦ

22.12. – 20.1.

Плановите што ги направивте со партнерот нема да се реализираат онака како што замисливте, па важно е да бидете трпеливи. Задоволни сте од моменталната ситуација на финансиското поле. Можна е минлива нервоза.

ВОДОЛИЈА

21.1. – 19.2.

Конечно ќе успеете да ги надминете недоразбирањата со партнерот. Слободните би можеле да почнат сериозна врска. Ќе бидете задоволни од својата работа, но и со признанието што ќе пристигне од претпоставените. Можна е премаленост.

Фото: Pixabay.com, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.